Ана Рајецка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Девојче со гулаб
(Dziewczyna z gołąbkiem)
,
(Алегорија на изгубена невиност), 1790
Портрет на Игнаци Потоцки, 1784

Ана Рајецка (полски: Anna Rajecka; 1762, Варшава - 1832, Париз), била полска сликарка на портрети и пастелист. Таа била позната и како „Мадам Голт де Сен Жермен“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Таа била ќерка на сликарот-портретист по име Јозеф Рајецки, била израсната како штитеничка на кралот Станислав Август Понијатовски од Полска.

Прво се верувало дека таа била негова вонбрачна ќерка, а подоцна и дека е негова љубовница.

Во 1783 година, таа била запишана под негово менторство во уметничкото училиште за жени во Лувр во Париз.

Студирала со Лудвик Марто и Марчело Бакиарели во Варшава; Жан-Батист Грез и евентуално Елисабет Виге Ле Брун во Париз.

Иако подоцна станала дел од кругот околу Жан-Луј Дејвид, таа веројатно не учела од него.

Целта на полскиот крал, за нејзиното образование, била таа да се врати во Полска и да стане професор по уметност, но таа одлучи да остане во Париз по нејзиниот брак со минијатуристот, Пјер-Мари Гол де Сен Жермен во 1788 година[2].

Таа стана првата полска женка со свои дела претставени во Салонот Париз во 1791 година и очигледно продолжила да добива поддршка од кралот сè до 1792.

Иако испратила многу слики назад во Варшава, Бакиарели сметал дека малку од тие дела се достојни да бидат дел од Кралската колекција.

Таа го насликала опкружувањето околу полскиот кралски двор а во Париз, добила бројни порачки од локалната аристократија[3].

Од Париз заминала за Клермон Феран и можеби се откажала од сликарството. Податоците за овој период од нејзиниот живот се ретки, но, по многу години, таа се вратила повторно во Париз, ослепела околу 1824 година[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anna Rajecka Polish | 1762 - 1832
  2. „Anna Rajecka 1762 - 1832“. Архивирано од изворникот на 2021-04-19. Посетено на 2021-04-19.
  3. Anna Rajecka urodziła się prawdopodobnie w Warszawie
  4. Anna Rajecka was one of the first women to become a recognized painter[мртва врска]

Надворешни врески[уреди | уреди извор]