Ана Милевска Ѓеоргиева
| Ана Милевска Ѓеоргиева | |
|---|---|
| Роден(а) | 26 март 1985 Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ |
| Занимање | новинар, водител |
Ана Милевска Ѓеоргиева (родена 26 март 1985 во Титов Велес) ― македонски новинар и активен водител.
Основно училиште завршила во родното ООУ „Блаже Конески“, по што го продолжила средното образование во УСО УСО „Кочо Рацин“, исто во Велес. Дипломирала на отсекот за новинарство на правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ Скопје, во 2010 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ана Милевска Ѓеоргиева, уште пред службено да стане дипломиран новинар, ја започнала својата кариера во медиумите. Во февруари 2007 година започнала да работи во месното 5ФМ радио[1], а само три месеци подоцна напоредно започнала да работи и како новинар во месната ТВ Здравкин[2]. Работела како новинар во информативната редакција, најпрво на подготовка на прилози за вести, а подоцна снимала и интервјуа и тематски емисии. Во 5ФМ радио работела како водител на утринска програма, а со текот на годините и на неколку други радио-емисии.
Во 2015 година, се вработила во националната Канал 5 телевизија.[3] Каде работела како новинар дописник за општините од Вардарскиот регион.
И покрај работата во Канал 5 телевизија, продолжила со работните обврски во двата локални медиуми, во согласност со времето и можностите.
Работниот ангажман во Канал 5 го завршила во 2018 година. Милевска продолжила да биде постојано присутна како водител на голем број манифестации кои биле организирани и остварувани во Велес. Ана активно се занимава со водителство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Radio 5FM - Veles Macedonia“. 5fm.mk. Посетено на 2024-10-18.
- ↑ „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-10-18.
- ↑ Канал 5 Телевизија (2016-12-11), Како поминува гласањето од Ана Ѓоргиева Милевска, Посетено на 2024-10-18
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Видео сликовница - Мачорот Пабло
https://gimkocoracin.edu.mk/aktivnosti/vtora-novinarska-rabotilnitsa/
https://veles.gov.mk/%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5/