Ана Мато
Ана Мато | |
---|---|
Министер за здравство на Шпанија | |
На должноста 22 Декември 2011 – 26 Ноември 2014 | |
Премиер | Маријано Рахој |
Претходник | Леир Пајин |
Наследник | Сораја Саенз де Сантамарија (в.д) |
Лични податоци | |
Роден(а) | 24 септември 1959 Мадрид, Шпанија |
Партија | ПП |
Роднини | Габриел Мато (брат) |
Установа | Мадридскиот универзитет „Комплутенсе“ |
Ана Мато Адровер (родена на 24 септември 1959 година во Мадрид) — шпанска политичарка. Од 2011 до 2014 година таа била министерка за здравство, социјални услуги и еднаквост на Шпанија во кабинетот на Рахој. На 26 ноември 2014 година таа поднела оставка поради вмешаност на неа и нејзиниот сопруг Хесус Сепулведа во случајот Гуртел.[1]
Образование
[уреди | уреди извор]- Дипломирала политички науки и социологија на Мадридскиот универзитет „Комплутенсе“.
- Предавач и учител на шпанскиот национален универзитет за учење на далечина (UNED)
Кариера
[уреди | уреди извор]Како член на Националниот извршен комитет на ПП, таа е вклучена во шпанската национална политика од 1990-тите, кога била избрана во шпанскиот конгрес.
Помеѓу 2004 и 2008 година работела како пратеник во Европскиот парламент. Како член на Бирото на Европската народна партија, таа била член на Комитетот за вработување и социјални прашања на Европскиот парламент. Таа била замена во Комисијата за регионален развој и член на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Мексико.
- 1986-1990: Заменик директор на приватната канцеларија на претседателот на Кастиља и Леон
- 1991-1993: Независен член на Собранието на Мадрид
- Национален пратеник во Мадрид (1993-)
- 2000-2004: координатор за локално учество и акција
- 2000-2004: портпаролка за комуникации и медиуми (1983-1986), транспорт, инфраструктура и телекомуникации (1986-2000) и наука и технологија
- 2003-2004: координатор за планирање
Медали
[уреди | уреди извор]- Медал за заслуги за телекомуникации
Контроверзи
[уреди | уреди извор]Во 2014 година таа привлека критики за нејзиното справување со случаите на заболување од вирусот ебола во Шпанија по дијагнозата на првиот потврден случај на пренос на ебола надвор од Африка.[2]
Ана Мато била предмет на контроверзии во врска со нејзината наводна вмешаност во случајот Гуртел, но со години продолжила да ја добива поддршката од премиерот Маријано Рахој.[3] Таа тврди, со поддршка на нејзиниот поранешен сопруг, дека не била свесна за потеклото на подароците во нејзиното домаќинство, вклучувајќи автомобили и одмори, кои се идентификувани во истрагите за наводна корупција.[4] На 26 ноември 2014 година, Ана Мато поднела оставка од функцијата министер за здравство, социјални услуги и еднаквост, откако била повикана на суд како „учесник на профитабилна основа“ во наводните корупциски злосторства.[1] Таа се појавила на суд во февруари 2017 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Dimite Ana Mato tras su implicación en el 'caso Gürtel' por el juez Ruz“. El País (шпански). 2014-11-26.
- ↑ The US vs. Spain – How each country has handled the Ebola crisis so far, El País (English edition)
- ↑ „Ana Mato must step down“. El País. Посетено на February 17, 2013.
- ↑ (на шпански) "La trama pagaba mensualmente a Sepúlveda y transfirió un coche a Mato" El Mundo. Retrieved 19 May 2013.