Ана Витанова-Рингачева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Витанова-Рингачева
Роден 2 ноември 1981
Струмица
Националност Македонец
Занимање есеист
професор

Ана Витанова Рингачева (родена на 2 ноември 1981 во Струмица) — македонска книжевна критичарка, есеистка и професорка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ана Витанова-Рингачева е родена на 22 ноември 1981 во Струмица. Основно и средно образование го завршила во родниот град. Во учебната 2000/2001 година се запишала како редовен студент на Катедрата по македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, а во 2004 година дипломирала како најдобар студент во групата. Во 2005 година се запишала на постдипломски студии на групата Македонска книжевност, а во 2011 година го одбранила својот магистерски труд под наслов „Методички постапки за наставна интерпретација на поетски текст во наставата по литература” под менторство на проф. д-р Виолета Димова. На 8 февруари 2012 година Наставно-научниот совет при УКИМ ја одобрила темата за докторска дисертација под наслов „Шаманизмот како `културен остаток` во македонската народна традиција“ под менторство на проф. д-р Нина Анастасова-Шкрињариќ. На 23 февруари 2017 година Ана Витанова-Рингачева ја одбранила докторската дисертација на тема „Шаманизмот како`културен остаток во македонската народна традиција“ и се стекнала со највисокото звање доктор по филолошки науки.

Како наставник во воспитно-образовниот процес се вклучила во 2007 година, во ООУ „Борис Трајковски“ во Моноспитово, Општина Струмица. Подоцна својата работа ја продолжила како наставник по предметот Македонски јазик и литература во СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица. Покрај воспитно-образовната работа, нејзина голема преокупација е науката. Паралелно со нејзинот ангажман во воспитно-образовниот процес, таа истражува во научните сфери и објавува свои трудови. Нејзиниот научен интерес е насочен кон истражувања од областа на народната литература, фолклористиката и компаративната митологија од една страна, како и херменевтичкото толкување на современата македонска литература од друга страна. Се потпишува и како уредник на изданија од областа на книжевноста, најчесто книги од областа на народната литература и поетски збирки.

Д-р Ана Витанова-Рингачева е еден од основачите на Здружението за наука, литература и култура „Иван Василевски“, здружение посветено на негување на книжевните вредности и популаризација на книгата. Таа е еден од иницијаторите за покренување на списание за наука, литература и култура „Зенит“, списание со меѓунарона редакција. Пишува и објавува свои стручни и научни трудови во домашни и меѓународни списанија, а учествува и на повеќе домашни и меѓународни симпозиуми и научни конференции, со трудови публикувани во зборници. Претседател е на Управниот одбор на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ во Струмица.

Ана Витанова-Рингачева има објавено околу педесетина трудови (стручни и научни трудови, рецензии, осврти, критики). Автор е на книгата „Поетскиот дискурс во наставата“ (методички пристап) и Македоника литера, Скопје, 2012, а соавтор на книгата „Струмичко литературно соѕвездие“ (соавтор со Иван Котев), и монографијата „70 години посветеност во образованието“, монографија по повод 70-годишниот јубилеј на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, Струмица, 2016.

Добитник на Годишната награда на Општина Струмица „Св. Петнаесет тивериополски свешетеномаченеци“ за 2016 година, за особен придонес во областа на науката, литературата и културата.[1] И наградата „Горан Бујиќ“ во Задар[2].

Наводи[уреди | уреди извор]