Ана Василиевна
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ана Василиевна | |
---|---|
На престол | 1416–1417 |
Сопружник | Јован VIII Палеолог |
Династија | Палеолози |
Татко | Василиј I Московски |
Мајка | Софија Витовтовна |
Роден(а) | 1393 |
Починал(а) | 1417 |
Вероисповед | православие |
Ана Василиевна или Ана Московска (1393 - август 1417) била московска кнегиња и византиска царица, прва сопруга на императорот Јован VIII Палеолог.
Ана била ќерка на големиот московски кнез Василиј I Московски и Софија Витовтовна. Во 1411 година Ана била омажена за Јован Палеолог, најголем син на императорот Мануел II Палеолог. Во 1416 Јован бил прогласен за деспот, а малку потоа и за соимператор на својот татко. Ана станала најмала царица, втора во хиерархијата по царицата Елена Драгаш, мајка на Јован VIII Палеолог.
Византискиот историчар Дука наведува дека Ана починала од чума во август 1417 година.
Ана Василиевна Роден(а): 1403 Починал(а): 1417
| ||
Претходник Елена Драгаш |
Византиска царица 1416–1417 со Елена Драгаш (1416–1417) |
Наследник Елена Драгаш |