Прејди на содржината

Ана Бригадер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спридитис свири на флејта за да танцува Лутаусис (скулптури во Националниот парк Тервете)
Меморијалниот музеј на Ана Бригадере Спридиши во Тервете, Латвија

Ана Бригадере (1 октомври 1861, Тервете 25 јуни 1933 година, Тервете) била писателка, драматург и поетеса од Латвија.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Нејзината прва приказна Во болницата, била напишана околу 1893 година, а објавена во 1896 година. Во 1897 година, Бригадере го насочила својот фокус исклучиво на книжевното дело, а нејзината прва книга Стара Карлина била објавена. Шест години подоцна, нејзината прва и најпопуларна драма Приказната за Спридитис, била напишана за режисерот на латвискиот театар во Рига, Јекабс Дубурс, кој ја поставил претставата во 1903 година.

Во 1985 година, приказната била адаптирана за кино, преведена на неколку јазици. Првата светска војна ја навела да емигрира во Москва. Во 1918 година се вратила во Рига и таму го продолжила своето книжевно творештво.[1]

Бригадере пишувала комедија и драма, меѓу кои Приказната за Спридитис, младо момче од латвиско селско семејство и неговите фантастични авантури во блиската шума. Напишала и четири автобиографии, меѓу кои Бог, природа, дело за животот на една Летонка кон крајот на 19 век.

Награди и почести

[уреди | уреди извор]
  • Наградата Ана Бригадере беше повторно воспоставена во 1986 година за да ги прослави достигнувањата во латвиската литература .[1]
  • 1932 година, Наградата на фондот за култура за Во суровите ветрови
  • 1927 година, Наградата на фондот за култура за магичната птица на Лолита
  • 1926 година, Орденот на трите ѕвезди од трета класа.[1]
  • 1913 година, награда на Рига Латвиско општество.
  1. 1 2 3 4 „Latvian Literature“. www.latvianliterature.lv (англиски). Посетено на 2019-12-23.

Библиографија

[уреди | уреди извор]