Ана Багрјана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Багрјана
Роден/а24 март, 1981
Фастов, Киевска област, Украина
Занимањепоет, писател, драматург, преведувач.

Ана Багрјана (украински: Анна Багряна) — украинска писателка, поет, драматург и преведувач.

Јевген Букет и Ана Багрјана на споменикот на Тарас Шевченко во Скопје

Животопис[уреди | уреди извор]

Таа е родена на 24 март 1981 година во Фастов, Киевската област. Завршила украински јазик и литература на Институтот за филологија на Киевскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“. Работела како новинар во телевизија, радио и во печат. Од 2007 до 2009 година била Секретар на Советот на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие“.

Член е на Националниот сојуз на писателите на Украина и на Здружението на украинските писатели.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на поетските книги „Соцветие од зборови” (2000), „Сред виолетовите соништа“ (2002), „Меѓу боговите и нас“ (2005), „Прошетка по јаже“ (2008), „Другите линии“ (2009), „Баење од љубов“ (2011); романите „Етимологија на крвта“ (2008), „Толку необична љубов“ (2010), „Дошкуљака“ (2012); книга раскази за деца „Животи на истакнати деца“ (2010); низа драмски дела, раскази и критички статии објавени во антологии, алманаси и литературни списанија. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрјана во Украина, САД и Македонија.

Преведува од словенски јазици. Составител и преведувач на „Антологија на современна поезија на Македонија“ на украински јазик.

Наградена е со повеќе украински и меѓународни книжевни награди: „Рукомесло“, „Коронација на зборот“, „Смолоскип„, Меѓународна украинско-германска награда „Олес Гончар“, „Сребрено перо” (Бугарија), награда „Марусја Бек“ (Канада), повелбата „Академија на Медитеранот“ (Струга, Македонија) и др.

Нејзини дела се преведени на полски, азербајџански, бугарски, руски, македонски, француски, англиски, латвиски, ерменски, албански, српски, хрватски и други јазици. Книгите на Ана Багрјана се објавени во Белгија, Полска, Азербајџан, Бугарија, Србија и Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]