Анахата

Анахата (санскрит: अनाहत, превод „неповредена, неизвалкана“) или срцева чакра — четвртата основна чакра според традицијата на хинду тантризмот. Симболично е прикажан како зелен лотос со дванаесет ливчиња. Се верува дека местоположбата на оваа чакра во телото е во средишниот дел на 'рбетниот столб веднаш зад срцето.
На санскритски, анахата значи „неповреден, неудрен и непобедлив“. Анахата Над се однесува на ведскиот концепт на неодѕвонет звук (звукот на небесното царство). Анахата е поврзана со рамнотежа, смиреност и спокојство.
Опис
[уреди | уреди извор]Положба
[уреди | уреди извор]Местоположбата на чакрата Анахата во телото е во средишниот дел на 'рбетниот столб во близина на срцето. Кшетрам или точката за активирање на површината се наоѓа на десниот дел од градниот кош.
Матрици
[уреди | уреди извор]Секоја од дванаесетте ливчиња е испишана со согласка или матрица на писмото деванагари што се изговараат како мантри. Гледано од лево кон десно:
| Бр. | Матрица | Согласка | Согласка на санскритски | Опис | Реф. |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | кам | ка | क | заднонепчена согласка | [1][2] |
| 2 | кхам | кха | ख | преднонепчена согласка | [1][2] |
| 3 | гам | га | ग | заднонепчена согласка | [1][2] |
| 4 | гхам | гха | घ | заднонепчена согласка | [1][2] |
| 5 | нгам | на | ङ | заднонепчена согласка | [1][2] |
| 6 | чам | ца | च | палативна согласка | [1][2] |
| 7 | чхам | цха | छ | палативна согласка | [1][2] |
| 8 | ѓам | ѓа | ज | палативна согласка | [1][2] |
| 9 | ѓхам | ѓха | झ | палативна согласка | [1][2] |
| 10 | нјам | нја | ञ | палативна согласка | [1][2] |
| 11 | там | та | ट | забна согласка | [1][2] |
| 12 | тхам | тха | ठ | забна согласка | [1][2] |
Асоцијации со телото
[уреди | уреди извор]Поради поврзаноста со допирот (осетот) и постапките, поврзана е со кожата и рацете. Во ендокриниот систем, се вели дека Анахата е поврзана со тимусот.
Алтернативни имиња
[уреди | уреди извор]- Во тантра : Анахата-Пури, Двадаша, Двадашадала, Х'идајамбоја, Хридабја, Хридамбоја, Хридамбуја , Хридаја , Хридаја Камала, Хридајабја, Хридамбаја, Хридајасарасидја, Хридајаритхаритка, рицароруха, Падма-Сундара , Сурјасангкјадала .
- Во ведите (доцните упанишади ): Двадашара чакра, четврта чакра, Хридаја чакра
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 „The Sanskrit Alphabet in the Siddhaṃ Script“. Visible Mantra : Buddhist Calligraphy (англиски). 7 de julio de 2011. Посетено на 10 de abril de 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=(help) - 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 „The Primal Power in Man or the Kundalini Shakti“. 1950: 33. Занемарен непознатиот параметар
|editorial=(се препорачува|publisher=) (help); Занемарен непознатиот параметар|edición=(help); Занемарен непознатиот параметар|nombre=(се препорачува|first=) (help); Занемарен непознатиот параметар|apellidos=(help); Занемарен непознатиот параметар|idioma=(се препорачува|language=) (help); Наводот journal бара|journal=(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=(help);|access-date=бара|url=(help)