Анатомија на респираторен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Системот за дишење го сочиуваат белите дробови и дишните патишта кои се делат на горни (нoсна празнина, голтник и усна празнина) и долни дишни патишта (грклан, дишник и дишници).

Нос[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нос.
Носна празнина

Носот (nasus) е составен од надворешен нос и носна празнина. Надворешниот нос (externus nasus) започнува со корен од челото и меѓу очите , а надолу завршува со носен врв. Од двете страни на долниот дел на гребенот се наоѓаат носни крилца, а на базата тие ограничуваат два отвори или носници (nares).

Голтник
Illu01 head neck.jpg
Head and neck
Illu pharynx.jpg
Pharynx
Податоци
Артерија pharyngeal branches of ascending pharyngeal artery, ascending palatine, descending palatine, pharyngeal branches of inferior thyroid
Вена pharyngeal plexus
живец pharyngeal plexus, maxillary nerve, mandibular nerve
Назнаки
Латински (Greek: Pharynx)
MeSH A03.556.750

Носна празнина[уреди | уреди извор]

Носната празнина (cavum nasi) со помош на носна преграда (septum nasi) е поделена на два дела. Тие се протегаат од носниците до задните отвори наречени хоани (choanae) и ја поврзуваат носната празнина со голтникот. Во носната празнина има три носни школки делејќи ја на три носни ходници : горен, среден и долен. Внатрешноста на носната празнина е покриена со лигавица богата со крвни садови и жлезди .Горниот дел е мирисен дел каде што завршуваат нервните влакна на мирисниот дел. Другиот дел од лигавицата е дишен предел. Носната празнина е споена со синусите од одделните коски од главата и се означени како параназални синуси. Тоа се челен, ситест, клинест и горновиличен синус препокриени со лигавицата на носната празнина. Во долниот се отвара носносолзниот канал кој ги носи солзите од солзното ќесе до носната празнина.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Голтник.

Голтник (pharynx)[уреди | уреди извор]

Голтникот [1] претставува заеднички орган на системот за дишење и системот за варење. Сместен е пред ‘рбетниот столб позади носната и усната празнина. Наликува на мускулен олук составен од три дела.

  • горен или носен дел кој доаѓа во комуникација со носната празнина преку хоаните, а преку скушната туба (tuba auditiva – Eustachii) со средното уво;
  • среден или усен дел кој е поврзан со усната празнина преку голтниковото стеснување (isthmus faucium);
  • долен дел или грклански дел кој е споен со гркланот преку грклански влез (aditus laryngis).
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грклан.

Грклан (larynx)[уреди | уреди извор]

Грклан
Larynx external en.svg
Anatomy of the larynx, anterolateral view

Сместен е меѓу голтникот и душникот и претставува цевчест орган за дишење и создавање на глас. Влезниот отвор се наоѓа под коренот на јазикот, а однапред е ограничен со грклански капак (epiglottis). При голтање капакот се свиткува наназад и го затвара влезниот отвот и спречува навлегување на храната во дишните патишта.
Гркланска празнина (cavum laryngis) е составена од лигавица, рскавици и напречно пругасти мускули. Гркланската празнина се состои од три ката:

  • горен кат или предворје – се протега до парна лигавична дипла означена како лажна гласна жица (ptica ventricularis);
  • среден кат – се протега од лажните жици до правите гласни жици (plica vocalis). Гласните жици меѓу себе остваруваат гласна пукнатина (rima glottidis);
  • долен кат – под гласните жици се наоѓа долниот кат од гркланот. Лигавицата од гркланот е покриена со трислоен цилиндричен епител со трепки освен во височина на гласните жици каде што има повеќеслоен плочест епител.

При преглед на гркланот гласните жици се издвојуваат со сиво - бела боја. Рскавиците на гркланот се различни по форма и големина. Најзначајни се: штитна рскавица (cartilago thyroidea), капаковата рскавица (cartilago epolottica), прстенестата рскавица (cartilago cricoidea) и една парна аритеноидна рскавица (cartilage arythenoidea). Тироидната рскавица на предниот грклански ѕид прави испакнување наречено адамово јаболко. Рскавиците меѓусебно се поврзани со зглобови, лигаменти и [[мускул]и. Гласот се создава со треперење на гласните жици предизвикано од струење на воздухот при издишување. Мускулите од гркланот ја регулитаат широчината на гласната пукнатина и затегнатоста на гласните жици, а со тоа влијаат на јачината и височината на гласот.

Душник
Illu conducting passages.svg
Conducting passages.
Gray1204.png
Laryngoscopic view of interior of larynx. (Trachea labeled at bottom.)
Податоци
Артерија tracheal branches of inferior thyroid artery
Вена brachiocephalic vein, azygos vein accessory hemiazygos vein
Назнаки
Латински Trachea
MeSH A04.889

Душник (trachea)[уреди | уреди извор]

Душникот претставува цевчест орган долг околу 12 цм. Душникот e сместен во предниот дел од вратот и во средоградието од торакалната празнина. Горе се надоврзува на гркланот, а долу завршува со душников раздвој (bifurcatio travheae) каде се дели на два главни душници (bronchus principalis dexter et sinister). Душникот и душниците се изградени од полупрстенести рскавици позади споени со мускулно лигавични мембрани. Измеѓу рскавиците се наоѓа сврзно тркиво, а од внатре на дишникот и душниците лигавицата е изградена од епител со трепки. Tрепките се насочени нагоре и со своето трепкање ги исфрлаат вдишените туѓу честици. Главните душници навлегуваат во белите дробови и се делат на помали гранки наменети за белодробните резни. Најситните гранки се бронхиолусите со пречник од 0,5 до 1 милиметар.

Бел дроб (pulmo)[уреди | уреди извор]

Белите дробови се сместени во плеуропулмоналните простори од градната празнина. Белиот дроб се состои од две белодробни крила: лево и десно (pulmo dexter et sinister). Секој од нив наликува на пресечен конус со база кон дијафрагмата, а врвот е насочен нагоре. На белиот дроб се разликуваат две страни : надворешна (ребрена) и внатрешна. Двете белодробни крила со своите внатрешни страниограничуваат еден простор наречен средоградие (mediastinum). На средината од внатрашната страна се наоѓа влезен отвор или белодробен хилус (hilus pulmonis). Преку хилусот влегуваат главниот бронхус, белодробната и бронхијалната артерија и влакна од вегетативниот нервен систем, а излегуваат белодробните и бронхиалните вени. Со помош на пукнатини белите дробови се поделени на резени или лобуси. Десното белодробно крило има три лобуси (горен, среден и долен) а левото белодробно крило има два лобуси (горен и долен). Секој белодробен резен се дели на уште помали помали резени наречени сегменти. Од физиолошка гледна точка тие се назависни и се делат на најмали функционални анатомски едински наречени резенчиња или лобулуси. Во резенчињата навлегуваат бронхиолусите кои што делејќи се на поситни гранчиња завршуваат со белодробни меурчиња алвеоли. Албеолите се обвиткани со густа капиларна мрежа.

Плевра pleura[уреди | уреди извор]

Преглед на плеврата и белите дробови

Плеврата претставува тенка серозна обвивка составена од два дела : ѕидна плевра (pleura parietalis) и белодробна плевра (pleura pulmonalis). Ѕидната плевра ги покрива ѕидовите на градната празнина и се дели на ребрен, медијастински и дијафрагматски дел. Тие делови меѓу себе ограничуваат синуси или рецесуси. Најзначаен е долниот ребренодијафрагмален синус исполнет со долниот раб од белиот дроб. Белодробната плевра ги обложува белите дробови, а меѓу белодробната и париеталната плевра се наоѓа затворен тесен простор или плеурална празнина (cavum pleurae).

Градна празнина (cavum thoracis)[уреди | уреди извор]

Градната празнина се протега од горниот торакален отвор до долниот кој е затворен со дијафрагмата и се дели на три простори : два бочни плеуропулмонални и еден среден наречен средоградие (mediastinum).
Во плеуропулмоналните простори се сместени белите дробови и плеврата. Средоградието е тесен простор меѓу градната коска и рбетниот столб и ги содржи следните органи : срцето, големите крвни садови што влегуваат и излегуваат од срцето, душникот, храдопроводот и друго.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „фаринкс“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет