Анатолиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анатолиј Цариградски
Πατριάρχης Φλαβιανός
Вселеснки патријарх
Црква Константинополска црква
Од 449
До 458
Претходник Флавијан
Наследник Генадиј
Лични податоци
Занимање Патријарх на Константинопол

Анатолиј Цариградски (починал во 449 година) — Вселенски патријарх во периодот од 449 до 458 година.

Најпрво бил презвитер во Александриската црква, но по смртта на патријархот Флавијан Константинополски бил возведен за патријарх на цариградскиот престол, во 449 година. Константинополскиот престол бил признаен за рамен на Римскиот во негово време, и тоа на Вселенскиот собор во Халкидон, во 451 година.

Овој патријарх се борел многу за чистотата на православната вера, многу страдал од еретиците, додека најпосле не бил и убиен од нив во 458 година, во времето на царот Лав Велики. Со црквата управувал близу девет години, а потоа се преселил меѓу нејзините Свети јерарси[1].

Наводи[уреди | уреди извор]