Анастас Христов
Изглед
| Анастас Христов | ||
| Роден | 1913 година Константинопол, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 20 октомври, 1944 година Скопска Црна Гора | |
Анастас Анастасов Христов ( 1913 во Цариград, Отоманското Царство — 20 октомври 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил правен факултет и како правник се доселил и работел во Скопје. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на оваа единица учествувал во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора. Во борбите се истакнал како храбар борец, но од тешките напори на војувањето се разболел и починал на 20 октомври 1944 година.[1]