Анастасиј I (владетел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анастасиј I
Византиски император
Владеење 11 април 491 – 9 јули518
Полно име Флавиј Анастасиј
Роден(а) c. 431
Родно место Драч, денешна Албанија
Починал(а) 9 јули 518 (87 години)
Место на смрт Константинопол
Претходник Зенон
Наследник Јустин I
Придружник Елија Аријадна
Династија Лавова династија

Флавиј Анастасиј (грчки: Ἀναστάσιος Α, латински: Flavius ​​Anastasius) бил византиски император во периодот од 11 април 491 до 9 јули 518 година, како последен претставник на т.н.. Тракиска династија или Лавова династија. Анастасиј бил конзул во 492, 497 и 507 година. Управувал под името Анастасиј I.

Тој бил висок функционер во императорската палата, задолжен за церемониите и се претставил како голем администратор. На византискиот престол се качил кога имал околу 60 години, кога бил избран како сопруг на царската вдовица Елија Аријадна. На 11 април 491 година, 2 дена по смртта на Зенон, Анастасиј бил прогласен за император од војниците и народот во главниот град. Елија Аријадна го прогласила за август и малку потоа се омажила за него.

Управување[уреди | уреди извор]

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Во времето на владеењето на Анастасиј I, поделбата на двете партии во Константинопол започнала да се чувствува многу силно и наоѓа израз во ривалството меѓу разните фракции, кои биле формирани околу хиподромот. Партијата на сините била наследник на старата римска аристократија од славното царско време, додека зелената партија се стремила кон доаѓање на власт и позиции во администрацијата.

Анастасиј I повеќе давал подршка на партијата на Зелените, спроведувајќи голем број на даночни и финансиски реформи, промени во монетарниот систем и отстранил поголем дел од даночните обврски на трговците кон државата. На тој начин значително се подобрила нивната ситуација. Овие популистички мерки се одразиле позитивно на економијата и државните финансии, но подоцна, заедно со обвинувањата дека императорот е еретик и монофизит, довеле до незадоволство и немири и до избувнување на граѓанска војна.

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Управувањето на Анастасиј I се карактеризира со голем број на одбранбени војни. По неговото стапување, царската војска го задушило востанието во Мала Азија (т.н. Исавријска војна 492-497) на генерал Лонгин, брат на претходниот император Зенон. Две години по доаѓањето на престолот во империјата упаднале Бугарите кои пустееле по цела Тракија и се заканиле на Константинопол. Поради тоа, Анастасиј наредил изградба на ѕидини (Анастасиеви ѕидини) кои започнувале од Мраморно и завршувале на Црно Море на 65 километри од престолнината.

На запад империјата склучила сојуз со Франките кои владееле со поранешната римска Галија, додека Анастасиј ја признал и власта на остроготите над Далмација. Анастасиј одржувал мир со готска Италија и со Вандалите во Северна Африка, но на источната граница се водела војна против Сасанидска Персија (Персиско-византиска војна 502-506). Воените дејствија во северозападна Месопотамија се одвивале со променлив успех и завршиле со враќање на статус кво пред започнувањето на војната. Мирот со Персија продолжил во наредните 20 години.

Востание[уреди | уреди извор]

Кон крајот на својот живот Анастасиј започнал да ги подржува монофизитите, еретици кои биле следбеници на учењето на патријархот Евтихиј, според кого двете природи на Исус - човечка и божествена - се преплетуваат до таква мера што почнува да доминира божествената. Православното свештенство ги нападнало еретичките гледишта на императорот, кое довело до бунт меѓу народот во Константинопол во 512 година. Анастасиј ја симнал круната пред толпата на хиподромот и јавно објавил дека е подготвен да абдицира. Немирите стивнале без употребата на воена сила.

Од 513 година Анастасиј започнал војна против воениот началник Виталијан кој имал претенции кон престолот. Виталијан ја искористил непопуларноста на императорот и се објавил како заштитник на православната вера со кое привлекол голем број на подржувачи. Во 514/515 година со помош на Кутригурите, узурпаторот ја опустошил Тракија и пристигнал до главниот град, каде бил одбиен од императорските сили. Сепак, бунтовниците сеуште претставувале закана, поради што царот бил принуден да направи некои територијални и парични попусти со кои фактички ја признал независноста на Виталијан во Мизија. Востанието не беше потиснато дури и по крајот на Анастасиевото управување.

Анастасиј починал ненадејно на 88 години во царската палата, како што гласи преданието, од стрес за време на страшна ноќна бура на 9 наспроти 10 јули 518 година. На денот на неговата смрт империјалното богатство изнесувало 320 илјади фунти (над 100 тони) злато.[1]. Анастасиј I бил погребан во црквата посветена на Светите Апостоли.

Семејство[уреди | уреди извор]

Анастасиј имал сестра Цезарија и брат Флавиј Павле (конзул, 496 година)[2][3]. Анастасиј бил вујко на Флавиј Хипациј, Флавиј Помпеј и Флавиј Проб[4] , кои не успеваале да се искачат на тронот.

Според легендата, бидејќи бил без деца, или барем немал законски синови, Анастасиј тајно одлучил да го остави изборот на случајноста и да избере за свој наследник оној од внуците, кој ќе седне на точно определен стол за време на специјално свикано собрание. Но бидејќи два од внуците седнале заедно еден до друг, а третиот избрал друго место, определениот стол останал празен. На крајот Анастасиј не посочил никого за свој наследник. Наследен бил од Флавиј Јустин, началник на царската гарда (excubitores).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. P. Brown, The world of late antiquity, W.W. Norton and Co. 1971 (p 147)
  2. "The Consular List"
  3. Late Antiquity: A Guide to the Postclassical World (by G.W. Bowersock, Oleg Grabar). Harvard University Press, 1999. Pages 300–301.
  4. Prosopography of the Later Roman Empire, vol. 2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]