Анастасија Узунова
| Анастасија Узунова | |
|---|---|
| Роден(а) | Анастасија Чакарова 1862 Струга, Отоманско Царство |
| Починал(а) | 1948 (возр. 85–86) Софија, Народна Република Бугарија |
| Почивалиште | Централни софиски гробишта |
| Народност | Македонка |
| Занимање | револуционерка |
| Сопружник | Димитар Узунов |
| Деца | Христо, Андон и Ангел Узунови |
| Родители | Георги Чакаров и Агнија Сапунџиева |
Анастасија Георгиева Узунова (род. Чакарова) (Струга, 1862 – Софија, 1948) — македонска револуционерка, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена е во 1862 г. во градот Струга, тогаш во Отоманското Царство, во семејството на Георги Чакаров и Агнија Сапунџиева. Потекнува од револуционерниот род Чакаровци. Таа им е прва братучетка на Христо и Милан Матови. Се омажила за Димитар Узунов, долгогодишен учител и борец за независна македонска црква, близок пријател и роднина на Григор Прличев. Со својот сопруг имала неколку деца, меѓу кои се револуционерите Христо, Андон и Ангел Узунови.[1][2]
Стапила во ВМОРО како главна организаторка на жените во Охридско и основач на женските организациски групи. Некои сметаат дека била и првата Охриѓанка што влегла во редовите на организацијата. Заедно со синот Христо, таа присуствувала на давањето заклетва на четата на Тале Горанов како претставничка на женската револуционерна група од Охрид.[3]
По смртта на двајцата синови емигрирала во Софија, Бугарија, заедно со преостанатиот син Ангел, каде и починала во 1948 г.[1] Погребана е во Централните софиски гробишта.[4]
Родословие
[уреди | уреди извор]| Стефан Чакаров | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Апостол К. Матов | Петра Матова | Георги Чакаров (1829 – 1892) | Агнија Сапунџиева | Атанас Чакаров | Апостол Н. Чакаров | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Димитар Узунов (1842 – 1887) | Анастасија Узунова (1862 – 1948) | Александар Чакаров (1869 – 1910) | Славка Пушкарова (1879 – 1956) | Никола Пушкаров (1874 – 1943) | Станислав Чакаров (1884 – ?) | Иван Чакаров | Крсто Чакаров (1841 – ?) | Наум Чакаров (1869 – 1903) | Георги Чакаров (1871 – 1947) | Милица Миладинова (1875 – ?) | Георги Миладинов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Перикли Дудулов (около 1869 – ?) | Аспасија Дудулова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Матов, Милан (2002). Най-комитата разказва... (Живот за Македония). София: ВМРО, Културно-благотворителна фондация „Братя Миладинови“ - София. стр. 40.
- ↑ Радев, Симеон (1969). Ранни спомени. София: Български писател. стр. 321.
- ↑ Църнушанов, Коста (1995). „Ролята на българката в македонското освободително движение“. Македонски преглед (3).
- ↑ „Парцел 38“. София помни. Посетено на 5 декември 2025.