Прејди на содржината

Анастасија Заворотњук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анастасија Заворотњук
Роден(а)Анастасија Јурјевна Заворотњук
3 април 1971
Починал(а)29 мај 2024
Занимањеглумец
Активен1991 – 2019

Анастасија Заворотњук (руски: Анастасия Юрьевна Заворотнюк, 3 април 1971 - 29 мај 2024) — руска глумица, телевизиска водителка и заслужен уметник на Руската Федерација.

Родена е во Астрахањ. Нејзината мајка, Валентина Заворотњук е исто така глумица која работела во малдинскиот театар во Астрахањ. Нејзиниот татко пак, Јури, работел во телевизија и бил член на академијата на руската телевизија.

Уште од најрани години, Анастасија одлучила и таа да стане глумец. Во слободното време одела на часови по музика, танцување. Заминала да учи на Московскиот уметнички театар. Во 1991 година го имала своето деби на филмската сцена, и тоа во филмот Маша. Во 1993 година дипломирала на факултетот под раководство на Олег Табков.

Таа е позната по својата улога во Мојата убава дадилка.