Анастасија Димитрова-Божикова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анастасија Димитрова - Божикова
Роден 16 ноември 1940
(Перник,  Бугарија
Починал 13 мај 2015
Софија,  Бугарија
Занимање оперска пејачка

Анастасија Димитрова - Божикова (Перник, Бугарија, 16 ноември 1940 - Софија, 13 мај 2015) — првенка на Македонската опера, врвен сопран. Таа во македонската оперска уметност важи како певица чии интерпретации се одликувале со длабока емотивност во изразот, вонредна музикалност и сценска сигурност.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитрова е родена во бугарскиот град Перник на 16 ноември 1940 година, а своите оперски студии ги завршила на Софиската музичка академија во 1963 година. Веќе следната сезона застанала на оперските штици на тогашниот Македонски народен театар каде настапувала две години. Потоа заминала во Загребската опера и останала до 1969 година од каде повторно се вратила во македонската национална куќа и била еден од главните носители на оперскиот репертоар сé до 1993 година. Во својата оперска кариера, Димитрова остварила над 25 главни улоги од драмскиот и мелодрамскиот фах, меѓу кои позначајни се ролјите на Аида, Норма, Леонора (Трубадур), Елизабета (Дон Карлос), Сантуца (Кавалерија рустикана), Марженка (Продадена невеста), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Маргарета (Фауст), Бес (Порги и Бес), Симка (Разделба). Покрај оперските остварувања, Димитрова имала блескави настапи и во повеќе вокално-инструментални дела, а реализирала гостувања во Германија, Унгарија, Романија, Мексико, Ирска, Луксембург. Анастасија Димитрова била сопруга на вонредниот македонски оперски бас Георги Божиков и мајка на истакнатиот рок гитарист Димитар Мичо Божиков. По кратко боледување починала во бугарската престолнина Софија на 13 мај 2015 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]