Анастасија Богдановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Анастасија Богдановски - македонска пливачка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Анастасија живее во Фанвуд, Њу Џерси, а студира биомедицински инженеринг на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Светско првенство 2015[уреди | уреди извор]

На светското првенство во Казан, одржано во август 2015 година, Богдановски го освоила 35. место на трката на 100 метри слободен стил и ја обезбедила олимписката Б-норма. Притоа, постигнала време од 56,12 секунди, со што поставила нов рекорд на Македонија, соборувајќи го претходниот свој рекорд за 24 стотинки. Претходно, таа поставила рекорд и на трката на 200 метри слободен стил, со време од 2 минути, една секунда и 280 стотинки.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Богдановски пак ја потврди олимписката норма за Рио 2016“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 22.
  2. „Богдановски пак ја потврди олимписката норма за Рио 2016“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 22.