Прејди на содржината

Анантасана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анантасана

Анантасана (санскрит: अनन्तासन), Заспаната поза на Вишну или Поза на каучот на Вишну,[1] Вечна поза или подигање на нозете со лежечка страна[2] претставува асана во модерната јога како вежба.

Етимологија и потекло

[уреди | уреди извор]
Релјефна статуа на Вишну што спие на многуте јазли на бесконечната змија. Од храмот Хучапаја Гуди, Ајхоле, Багалкот, Карнатака, 7 век

Потеклото на името е од санскритските зборови ананта (अनन्त) што значат „без крај“ или „бесконечниот“, и се однесува на илјадаглавата змија Шеша на која Вишну почива на дното на исконскиот океан,[3] и асана (आसन што значи „држење“ или „седиште“.[4]

Една поинаква лежечка поза е наречена Анантасана е опишана и илустрирана во Сритатваниди од 19 век. Модерната поза е опишана во Светлината на јогата од 1966 година.[3]

Анантасана започнува од лежечка положба, при што главата е потпрена на едната рака, а надлактицата од таа страна останува на тлото. Другата рака и нога се подигнати вертикално, додека прстите го фаќаат палецот на кренатото стапало. Потпорната рака, телото и потколеницата се порамнети во права линија.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Список на асани
  1. „Anantasana“. Yoga Journal. Посетено на 28 January 2019.
  2. 1 2 „Side-Reclining Leg Lift“. Yoga Journal. 3 June 2008.
  3. 1 2 Iyengar, B. K. S. (1977) [1966]. Light on yoga: yoga dipika. Schocken Books. стр. 246. ISBN 978-0-8052-1031-6.
  4. Sinha, S. C. (1 June 1996). Dictionary of Philosophy. Anmol Publications. стр. 18. ISBN 978-81-7041-293-9.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]