Ананси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ананси
Податотека:Anansi (cropped).jpg
Информации
АлијасиАнасе, Кваку Ананс, Анаси
ПрекариНанци (во Курасао, Аруба и Бонаре)
ЗанимањеРаскажувач на приказни/Божество
Семејствотатко: Њаме / мајка: Асасе Ја
СопружникАсо (или Конори)
ДецаНтикума (други, неименувани)
РелигијаТрадиционални африкански религии
ПотеклоАшанти митологија

Ананси измамникот е еден од најважните ликови во западноафриканскиот и карипскиот фолклор. Исто така се нарекува и Анасе, Кваку Ананс и Анаси. Тој е пајак, но често се појавува и се однесува како човек. Митот за Ананси е близок со оној за Којотот или Гавранот во културите на Северна Америка.

Потекло[уреди | уреди извор]

Приказните за Ананси потекнуваат од Ашанти во Гана[1] (на акански јазик, анансе значи пајак). Потоа се префрлил на Карибите. Во Курасао, Аруба и Бонаре се нарекува „Нанци“ а неговата сопруга е Ши Марија.

Ананси е дете на божјите манифестации на неговата мајка Земјата (Асасе Ја) и неговиот татко Небото (Ниаме), така што тој е вистинска претстава за сè на небото и на земјата. Тој има многу деца со сопругата Асо, но најзабележително дете е Нтикума, момче кое игра значајна улога во една од најпопуларните легенди, во врска со донесувањето мудрост на светот.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Ананси е културен херој кој дејствува заедно со неговиот татко Ниаме, небесен бог. Тој го донесува дождот за да ги запре пожарите и извршува други работи за него. Неговата мајка е Асасе Ја. Децата на Ананси се спомнуваат неколкупати. Според некои митови неговата сопруга е позната како „Госпоѓицата Ананси", или почесто како "Асо". Тој е опишан како пајак, човек или комбинација на двајцата.

Народни приказни[уреди | уреди извор]

Приказните за Ананси се меѓу најпознатите во Западна Африка[2]. Тие потекнуваат исклучиво од усната традиција, а Ананси е исто така синоним за вештина и мудрост во зборовите.

Ананси се појавува како пајак, човек со одлики на пајак или е мешавина од двете - најчесто пајак со лице или глава на човек или човек со осум нозе. Тој секогаш прави трикови, раскажува приказни или предизвикува некоја друга форма на зло. Неговите интеракции во светот биле многу важни затоа што тој ги донел приказните и мудроста.[1]

Според некои верувања, Ананси е одговорен за создавање на сонцето, ѕвездите и месечината и ги научил луѓето на техниките на земјоделството.[3] Друга приказна раскажува за тоа како Ананси се обидел да ја собере целата мудрост во светот во лејка. На крајот сфатил дека е залудно да ја задржи целата мудрост за себе па ја ослободил.[3]

Друга добро позната приказна прикажува како Ананси успеал да освои збирка приказни или наративи за мудрост, од Ниаме, семоќниот творец и небесен Бог. Во една верзија на приказната, Ананси, во форма како пајак, му пристапил на Ниаме и го замолил да го назначи за крал на сите приказни за мудроста. Ниаме бил зачуден од дрскоста на Ананси па си помислил дека ако има храброст да му пристапи на небесниот Бог на таков директен начин, тогаш мора да му се даде шанса да се докаже. Ниаме му рекол на Ананси: „Ако можеш да го фатиш и заробиш Јагуарот кој има заби слични на кама, стршлените кои пеат како див оган, невидливата самовила на шумата, ти ќе бидеш кралот на приказните за мудроста“.

Кралот на сите мудрости[уреди | уреди извор]

Ниаме мислел дека му дал предизвик на Ананси што ќе го одбие, бидејќи веројатноста некој да постигне успех со вакви предизвици била мала. Сепак, Ананси се согласил на предизвикот. Отишоле кај јагуарот и го замоли да игра игра што ќе му овозможи на Ананси да го врзе со јаже. Јагуарот се согласил, а Анансе го добил јажето и го врзал. Тој ги измамил стршлените велејќи им дека врне дожд. Впрочем, Ананси умеел да направи дожд, и им рекол на стршлените дека може да се скријат во лејката што го подготвил за нив. Откако влегле во неа, тој ги заробил. На невидливата самовила ѝ рекол да се бори со катранче, и, кога го сторила тоа, таа се залепила на катранот и не можела да избега. Самоуверено, Ананси му го однел целиот свој плен на Ниаме и му покажал дека успеал да стори сè што е побарано од него, при што Ниаме го прогласил Анансе за крал на приказните на сите мудрости. Никој никогаш не бил во можност да ги надмине достигнувањата на оваа мудра личност уште од времето кога бил поставен за крал на сите мудрости.[3]

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

Ананси е присутен:

  • Во серијалот „Американски богови
  • Во збирка раскази „Црното крзно“ од Бернар Дадие, каде тој е главниот протагонист
  • Во американската анимирана серија Гаргојл, ангелите на ноќта
  • Во американската анимирана серија Статичен удар
  • Во фантастичниот роман на Нил Гајман „ Американски богови“, награда Хуго 2002, а особено во неговото продолжение „Ананси Бојс“
  • Во романот Кралот на стаорците од Шина Миевил .
  • Во името на британскиот рок бенд Сканк Ананси
  • Во Спајдермен (Спајдермен на Марвел може да се смета како современ аватар на Ананси)
  • Во Сечило од сенка, роман на американската авторка Сересија Глас
  • Во видео играта Enemy Territory: Quake Wars,
  • Во краткиот филм Куваку Ананс на Акосуа Адома Овусу [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Anansi - Spider in African Folktale“. Mythology.net (англиски). 2017-04-08. Посетено на 2020-08-29.
  2. Donald Haase, The Greenwood Encyclopedia of Folktales and Fairy Tales, Greenwood Publishing Group, 2008. ISBN 0313334412
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ananse | folklore character“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-08-29.
  4. „Kwaku Ananse (film)“. Wikipedia (англиски). 2017-03-15. Посетено на 2017-08-26.