Ананиј (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Ананиј
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Архиепископ од околу 1759
Архиепископ до околу 1762
Претходник Еремија
Наследник Арсениј II
Роден
Починал 18 век
Други архиепископи со име Ананиј

Ананиј бил православен свештеник и охридски архиепископ во период во 1763 година.[1]

Како јеромонах, бил велик протосингел на Цариградската патријаршија. По смртта на архиепископот Еремија, неговиот избор за охридски архиепископ бил наметнат од цариградскиот патријарх Јоаникиј III и востоличен во цариградската црква Свети Ѓорги. Но охриѓани одбиле да го примат и веднаш бил разрешен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.