Анаконда (филм од 2025)
| Анаконда | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Том Гормикан |
| Продуцент |
|
| Сценарист |
|
| Заснован на | филмот Анаконда од 1997 г. |
| Главни улоги | |
| Музика | Дејвид Флеминг |
| Кинематографија | Најџел Блак |
| Монтажа | |
| Студио | |
| Дистрибутер | Sony Pictures Releasing |
| Премиера | 13 декември 2025 г. (United Theater на Бродвеј) 25 декември 2025 г. (САД и Македонија) |
| Времетраење | 99 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 45 милиони долари |
| Бруто-заработка | 90,3 милиони долари |
Анаконда (англиски: Anaconda) — американски комичен акционен филм на ужасите од 2025 г. во режија на Том Гормикан, кој исто така го напишал сценариото заедно со Кевин Етен. Ова е современа обнова на франшизата „Анаконда“, преработка на истоимениот филм од 1997 г., како и шестиот главен дел од филмскиот серијал. Во главните улоги се појавуваат Џек Блек, Пол Рад, Стив Зан, Тендиве Њутон, Даниела Мелшиор и Селтон Мело.[1]
Премиерата на филмот се одржала во театарот „United Theater“ на Бродвеј во Лос Анџелес, Калифорнија, на 13 декември 2025 г. Анаконда бил пуштен во кината на 25 декември 2025 г. од страна на компанијата Sony Pictures Releasing. Ова е првиот филм од серијалот по 2004 г. што првенствено добил широка кинораспределба. Филмот добил мешани одзиви од страна на критичарите и заработил 90,3 милиони долари во светските кина.
Содржина
[уреди | уреди извор]Четворица другари од детството минуваат низ криза на средните години, па одлучуваат да ја снимат преработката на нивниот омилен филм на ужасите од 1990-тите во амазонската прашума. Кога ќе се појави вистинска џиновска анаконда, тие добиваат многу повеќе од она што го очекувале, па нивното комично и хаотично снимање филм се претвора во борба за живот или смрт. Филмот што толку силно сакаат да го снимат? Би можел буквално да ги убие.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Џек Блек | Даг Макалистер |
| Пол Рад | Роналд Грифин Помладиот |
| Селтон Мело | Сантјаго Брага |
| Даниела Мелшиор | Ана Алмеида |
| Тендиве Њутон | Клер Сајмонс |
| Стив Зан | Кени Трент |
| Џек Вотерс | Даг во младоста |
| Ајони Скај | Мали Макалистер |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ VanHoose, Benjamin (16 септември 2025). „Anaconda First Photos: Jack Black and Paul Rudd Spearhead a Clever Snake Reboot (Exclusive)“. People.com. Посетено на 2025-09-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Анаконда (филм од 2025) на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)