Амперова сила

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Амперов закон за сила)
Опит кој ја прикажува Амперовата сила која дејствува меѓу два напоредни спроводника низ кои течат постојани струи. Ако насоката на текот е иста кај двата спроводника, силата е привлечна, а ако насоките се обратни, таа е одбојна. Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Амперова сила претставува силата со која магнетното поле му дејствува на спроводник со струја. Амперовата сила директно зависи од јачината на струјата, како и од должината на спроводникот, а како фактор на пропорционалноста се јавува и магнетна индукција.

Поврзано[уреди | уреди извор]