Ампато
Ампато | |
---|---|
![]() Воздушен поглед на Ампато (во позадина) од североисток, со активниот вулкан Сабанкаја. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 6288 м |
Истакнатост | 1997 м |
Заведена како | Ultra |
Координати | 15°49′S 71°53′W / 15.817° ЈГШ; 71.883° ЗГДКоординати: 15°49′S 71°53′W / 15.817° ЈГШ; 71.883° ЗГД |
Географија | |
Место | Арекипа, Перу |
Матичен венец | Анди |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Вулкански појас | Централна Вулканска Зона |
Последен избув | непознато |
Искачување | |
Прво освојување | Инките |
Ампато (од кечуански: hamp'atu[1] или од ајмарски: jamp'atu[2], што значи „жаба“) — активен стратовулкан кој се наоѓа на Андите од јужниот дел на Перу, на околу 100 километри северозападно од Арекипа, со висина од 6,288 метри.
Ампато е дел од синџирот на север-југ кој има должина од околу 20 километри, заедно со трите главни стратовулакани, меѓу кои и исчезнатиот и еродиран Хуалка Хуалка со висина од 6,025 метри на северниот крај и Сабанкаја со висина од 5,976 метри кој се наоѓа во средина.
Во септември 1995 година, по брзото повлекување на еден ледник во близина на врвот на Ампато, било откриено замрзнато мумифицирано тело на една девојка, убиена со удар на главата пред околу 500 години. Мумијата, подоцна наречена „Ice Maiden“ била обновена од експедицијата предводена од американскиот археолог д-р Јохан Рајнхард. Во октомври 1995 и декември 1997 година, Рајнхард и перуанскиот археолог Хосе Антонио Чавез ги насочиле експедициите што довеле до пронаоѓање на уште три мумии над 5.800 метри.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Yachakuqkunapa Simi Qullqa - Qusqu Qullaw. Qhichwa Simipi (monolingual Quechua and bilingual Quechua-Spanish dictionary)
- ↑ Предлошка:Ref Bertonio