Амел Бен Абда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амел Бен Абда
УстановиНационално инженерско училиште во Тунис
ОбразованиеПодготвителен институт за инженерски студии во Набул
Национално инженерско училиште во Тунис
Теза(1993)

Амел Бен Абда е професорка по математика во Националното инженерско училиште во Тунис. Таа била првата личност во Тунис која докторирала по применета математика. Таа е туниски претставник во управувачкиот комитет на меѓународната лабораторија за компјутерски науки и применета математика во советодавниот одбор на Туниското женско математичко здружение.

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Бен Абда студирала применета математика во Националното инженерско училиште во Тунис, дипломирајќи во 1988 година.[1] По нејзината дипломирање работела во Подготвителниот институт за инженерски студии во Набул.[2] Продолжила за да биде првиот д-р по применета математика во Тунис во 1993 година.[3][4]

Истражување и кариера[уреди | уреди извор]

Во областа на применета математика Бен Абда работела на методот на „реципрочна разлика“, кој може да се користи како индикација за дефекти во материјалите.[5][6][7][8] Така исто така работи и на проблемот на реконструктивните гранични услови од нецелосните податоци.[9]

Во 1993 година, Бен Абда се приклучила кон Подготвителниот институт за научни и технички студии, каде што истата година била промовирана во асистент професор.[2] Во 1999 година се приклучила кон Националното инженерско училиште во Тунис.[2] Таа ја одбранила првата хабилитација во Тунис во 1998 година.[1] Таа е одговорна за тимот за инверзни теореми, во Лабораторијата за математичко моделирање и нумерика во инженерските науки (ЛАМСИН).[10]

Таа е туниски претставник во управувачкиот комитет на меѓународната лабораторија за компјутерски науки и применета математика.[3] Таа е во советодавниот одбор на Туниското женско математичко здружение.[11][12] Таа е во советодавниот одбор на туниското женско математичко здружение (ТВМА). ТВМА доделува годишна награда за најдобри докторски тези во математиката.[13]

Во 2018 година таа била избрана за една од ОкејАфрика Топ 100 жените.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Amel Ben Abda | European Women in Mathematics“. europeanwomeninmaths.org. конс. 2018-07-13. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Representative of Tunisia in the Steering Committee of LIRIMA“ (PDF). LIRIMA. конс. 2018-06-12. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Amel Ben Adba“, „OKAYAFRICA's 100 WOMEN“. (на en-US)
  4. „Tunisian Women Mathematicians’ Association“ (PDF). 2016. конс. 2018-06-12. 
  5. The reciprocity gap: a general concept for flaws identification problems (на en). „Mechanics Research Communications“ том  20 (5): 415–420. 1 септември 1993 г. doi:10.1016/0093-6413(93)90032-J. ISSN 0093-6413. https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/009364139390032J. 
  6. Abda, Amel Ben (2004). On the use of the Reciprocity-Gap functional in inverse scattering from planar cracks (Труд). INRIA. 
  7. BEN ABDA, AMEL; DELBARY, FABRICE; HADDAR, HOUSSEM (октомври 2005 г). ON THE USE OF THE RECIPROCITY-GAP FUNCTIONAL IN INVERSE SCATTERING FROM PLANAR CRACKS (на en). „Mathematical Models and Methods in Applied Sciences“ том  15 (10): 1553–1574. doi:10.1142/s0218202505000819. ISSN 0218-2025. https://www.worldscientific.com/doi/abs/10.1142/S0218202505000819. 
  8. Defect and material mechanics : proceedings of the International Symposium on Defect and Material Mechanics (ISDMM), held in Aussois, France, March 25-29, 2007. Dascalu, Cristian; Maugin, Gérard A.; Stolz, Claude. Dordrecht: Springer. 2008. ISBN 9781402069291. OCLC 261325816. https://www.worldcat.org/oclc/261325816. 
  9. „Profil“. www.hal.tn. конс. 2018-07-13. 
  10. „ENIT - LAMSIN“. www.lamsin.rnu.tn. конс. 2018-07-13. 
  11. „Amel Ben Abda | African Women in Mathematics Association“. africanwomeninmath.org. конс. 2018-07-13. 
  12. TWMA Advisory Board“, „TUNISIAN WOMEN MATHEMATICIANS ASSOCIATION TWMA“, 30 ноември 2016. (на en-US)
  13. „TWMA AWARD for the Best PhD Thesis in Mathematics“ (PDF). конс. 2018-06-12.