Амеде Ашар
Амеде Ашар Amédée Achard | |
---|---|
Амеде Ашар | |
Роден/а | Louis Amédée Eugène Achard 19 април 1814 Марсеј, Франција |
Починат/а | 25 март 1875 Париз, Франција | (возр. 61)
Занимање | писател, романописец, драматург и новинар |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Луј Амеде Ежен Ашар (француски: Louis Amédée Eugène Achard; (Марсеј, 19 април 1814 – Париз, 25 март 1875) — француски романописец, драматург и новинар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Амеде Ашар завршува гимназија во Марсеј.[1]. По краткиот престој во Алжир каде управува со фарма, потоа во Тулуза каде е вработен во кабинетот на префектот, тој работи како новинар во Марсеј во „Семафор“ при што напишал бројни написи и хроники.
Кога стигнал во Париз, соработува со „Вер-Вер“ (Vert-Vert), потоа со „Лантракт“ (L’Entracte), „Шаривари“ (Le Charivari) и „Л’Епок“ (L’Époque), притоа пишува не само за себе, туку и за колегите новинари на кои им недостига инспирација. Потоа соработува со сатиричниот весник „Памфлет“ (Le Pamphlet). Тој го предизвикува на двобој извесен Фјорентино кој го наклеветил. Во двобојот Ашар е сериозно ранет. Уште реконвалесцент, тој заминува за Италија со француската армија за да биде воен дописник на „Журнал де деба“ (Journal des débats).
Ашар многу твори. Покрај својата активност на новинар, тој наоѓа време да напише петнаесетина театарски пиеси и четириесетина романи, меѓу кои бројни се акциските романи (со наметка и меч). Погрешно му се припишува авторството на овој израз бидејќи Понсон ди Терај го употребил пред него, но неговиот роман „Наметка и меч“ издаден во 1875 година, всушност е еден од предците на овој жанр. Александар Дима му се восхитувал.
Амеде Ашар е погребан на гробиштата Пер Лашез во Париз. Надгробниот споменик во негова чест му го подигнало Друштвото на книжевници и Друштвото на драмски автори, и е украсен со медалјон изработен од вајарот Луј-Шарл Жансон. [2].
Дела
[уреди | уреди извор]- Бел-Роз (Belle-Rose, 1847)
- Внуците на Ловлас (Les Petits-fils de Lovelace, 1854)
- Морис де Треј (Maurice de Treuil, 1857)
- Оградениот јаболков овоштарник (Le Clos Pommier, 1858)
- Наланџиката (La Sabotière, 1859)
- Јадовите на еден милионер (Les Misères d'un millionnaire, 1861)
- Приказна на еден човек (Histoire d'un homme, 1863)
- Ударите со меч на г. Де ла Герш (Les Coups d'épée de M. de La Guerche, 1863)
- Г-ѓа де Саранс (Mme de Sarens, 1865)
- Ловот на идеалот (La Chasse à l'idéal, 1867)
- Марсел (Marcelle, 1868)
- Кон и против сите (Envers et contre tous, 1874) (продолжение на Ударите со меч на г. Де ла Герш)
- Наметката и мечот (La Cape et l'Épée, 1875)
- Златно руно (Toison d'or, 1875) (продолжение на Наметката и мечот)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jacques Delmas, Livre d'or. Histoire du lycée de Marseille, Marseille, Imprimerie marseillaise, 1898, p. 109.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-22. Посетено на 2017-01-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викиизвор има оригинални дела од или за: Амеде Ашар |
„Амеде Ашар“ на Ризницата ? |
|