Прејди на содржината

Амброу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амброу
Umbro
Трговско име
Umbro
ВидФилијала
ДејностСпортска индустрија
текстилна индустрија
Основано23 мај 1924; пред 101 година (1924-05-23) во Вилмслоу, Англија
ОсновачХаролд и Валас Хамфрис
СедиштеМанчестер, Англија[1]
Опслужувани подрачја
Цел свет[1]
Клучни личности
Ентони Литл
(Извршен директор)
ПроизводиФудбалски топки, фудбалска опрема, копачки, спортска облека, опрема за рагби
Вработени
301
Матично претпријатие
Ајконикс бренд груп[1]
Мреж. местоumbro.com

Амброу (англиски: Umbro)англиски производител на спортска опрема основана во 1924 година во Вилмслоу. Неговото седиште се наоѓа во Манчестер, Англија.[1]

Умбро ги снабдува со опрема фудбалските тимови како што се Велс, Норвешка, Канада, Република Ирска и клубови како Гамба Осака.

Умбро бил или е спонзор на големи играчи како Мајкл Овен, Џон Тери или Енди Керол, па дури и официјални натпревари како што е Купот на француската фудбалска лига со нејзината топка наречена „продиџи“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Браќата Валас и Харолд Хемфрис го започнале својот бизнис во 1922 година во селото Моберли во близина на Вилмслоу, во Булс хед, семеен паб во сопственост на нивните родители. Валас и Харолд избрале привремено име „Облека на браќата Хемфрис“. Тие првично работеле во задната соба на пабот, а две години подоцна се преселили во работилница во Вилмслоу, град јужно од Манчестер.

Во 1924 година, за официјалното создавање на компанијата, двајцата браќа го избрале името Umbro, стопеница од зборовите Браќа Хемфрис: Um од Humphreys, Bro од Brothers.[2]

Во 1930 година, Валас и Харолд во Вилмслоуосновале нова фабрика наречена Umbro Works on Water Lane. Оваа фабрика им служела како нивна административна и индустриска база.

Неколку години подоцна, во раните 1960-ти, седиштето од Вилмслоу го преселиле во Вајтеншоу, дистрикт во градот Манчестер.

Во 1999 година, седиштето и канцелариите на Умбро биле преселени во Чидл, град во предградието на Манчестер.

На 23 октомври 2007 година Умбро бил купен од Најк за 409 милиони евра со цел да го прошири своето влијание во Европа и во фудбалот.

Во октомври 2012, Најк ѝ го продал Амброу на американската група Ајконикс бренд груп (Iconix Brand Group) за сума од околу 230 милиони долари.[3]Англискиот бренд е многу популарен, особено во првенството во Премиер лигата.

Во јуни 2013, една година по продажбата на Ајконикс, седиштето на брендот било преселено од Чидл во средиштето наМанчестер.

Логото на овој бренд се состои од два ромба кои ги претставуваат двајцата браќа Хемфри кои го основале брендот: големиот ромб го претставува Валас, постариот, а малиот го претставува Харолд, помладиот.

Официјален добавувач на опрема

[уреди | уреди извор]

Репрезентации

[уреди | уреди извор]
  • ДР Конго ДР Конго
  • Есватини Есватини
  • Мадагаскар Мадагаскар
  • Сиера Леоне Сиера Леоне
Средна Америка
[уреди | уреди извор]
  • Ел Салвадор Ел Салвадор
  • Гватемала Гватемала

Репрезентации

[уреди | уреди извор]
  • Англија Англија
  • Фиџи Фиџи
  • Кенија Кенија

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Umbro at Iconix Brand website. Архивирано на 10 февруари 2013 г.. Retrieved 11 февруари 2013
  2. fsc. „The history of Umbro“. footballshirtculture.com (англиски). Архивирано од изворникот 20 септември 2020. Посетено на 3 April 2020.
  3. (англиски) Nike.inc announces sale of Umbro to Iconix Brand Group, news.nike.com, 24 octobre 2012

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]