Амблем на АРМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Logo of the Army of the Republic of North Macedonia.svg
Фреска во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазаровци, која е земена како основа на армискиот грб

Амблемот на АРМ е единствениот знак за припадност на Армијата на Република Македонија.

Амблем на армијата пред 2019

Единствениот знак за припадност на Армијата, претставува стилизиран цвет на сончоглед, изработен на метал или везен на ткаенина. Цветот го претставуваат 12 листови со златножолта боја. Во средината е црвено поле со кружен облик на кое е испишан натпис ,,АРМ”. Припадниците на Армијата, единствениот знак за припадност на Армијата на Република Македонија, го носат на плик-капа, капа, баретка и шапка. Единствениот знак за припадност за плик-капа и шапка се изработува во метал, а за баретка и капа со везење. Единствениот знак за припадност за баретка и шапка е со пречник од 40mm, а за плик-капа и капа е 28mm. Единствениот знак за припадност, кај генералите на Армијата на Република Македонија е обвиен со две ловорови гранчиња со златно-жолта боја во полукруг и е изработен од метал.