Амбиентална музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амбиентална музика
Стилско потекло: Електронска музика, минималистичка музика, експериментална музика, drone, краут-рок, даб
Културно потекло: 1960ти и 1970ти години, Обединето Кралство, Јамајка, Јапонија
Својствени инструменти: Синтисајзер, пијано
Популарен:
Поджанрови
Dark ambient, drone, lowercase

Амбиенталната музика е музички жанр кој ги нагласува тонот и атмосферата наместо традиционалната музичка форма и ритамот. Тоа е вид на бавна инструментална музика, која користи мирни и смирувачки шеми и мотиви на звуци кои се повторуваат и кои не содржат распространети музички тропи, што е погодно и за активно и за пасивно слушање. Често се користат и звуци од природата, а звуците на пијаното, гудачките инструменти и слично можат да бидат емулирани со помош на синтисајзер.

Жанрот настанува во Обединетото Кралство во 60тите и 70тите години од 20тиот век, кога новите музички инструменти станале достапни за поширокиот дел на луѓето, како на пример синтисајзерот. Брајан Ино му го дава името и го популаризира жанрот со неговиот албум Ambient 1: Music for Airports. Во 80тите години доживува преродба со истакнувањето на хаус и техно музиката, а во 90тите години добива и култно следење.

Амбиентална музика никогаш нема постигнато голем комерцијален успех, но сепак успева да стигне до одредено ниво на акламација низ годините, а особено во информациското доба. Заради својот релативно слободен стил, амбиенталната музика има влијанија од голем број други музички жанрови, како на пример од класичната музика, народната музика, џезот и етно музиката.