Прејди на содржината

Амбелокипи (Солунско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амбелокипи
Εύοσμος
Амбелокипи is located in Грција
Амбелокипи
Амбелокипи
Местоположба во областа
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist|240px|Амбелокипи во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist]]
Амбелокипи
Местоположба на Арманќој во општината Амбелокипи-Менемени и областа Централна Македонија
Координати: 40°39.17′N 22°55.26′E / 40.65283°N 22.92100°E / 40.65283; 22.92100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаАмбелокипи-Менемени
Општ. единицаАмбелокипи
Надм. вис.&100000000000000050000005 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно35.846
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Амбелокипи (грчки: Αμπελόκηποι) — населба северозападниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 35.846 жители (2021).

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени 102 грчки семејства, и тоа 43 од Мала Азија, 32 од Источна Тракија, 20 од Источна Румелија (Бугарија) и 7 од Понд.[2] Во 1928 г. населението пораснало на 216 семејства со вкупно 860 жители,[3] а според други извори на 634 жители.[2]

Во центарот на населбата во 1926 г. е подигната црквата „Св. Ефимија“, но потоа на истото место (почнувајќи од 1931 г.) е изградена црквата „Живоносен Извор“ во која се чува византиската икона на Богородица Патеводителка донесена од доселениците како реликвија.[4]

На почетокот на 1934 г. кон Амбелокипи се присоединети помалите доселенички населби Епталофос, Каистри, Педи и Маргарити кои дотогаш се воделе како одделни.[2] Поради близината до Солун, населбата продолжила да расте. Во 1954 г. Амбелокипи добил статус на градска населба.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
  • „Живоносен Извор“
  • „Св. Пантелејмон“
  • „Воскресение Христово“
Друго

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 8.876 10.806 15.619 24.892 40.093 40.093 43.016 37.381 35.846
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 1 2 3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 309. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  4. ↑ Παναγίες της Μικράς Ασίας και της Θράκης - Ένωση Μικρασιατών Φοιτητών

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]