Прејди на содржината

Аманохашидате

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Аманохашидате од паркот Касамацу.
Поглед на Аманохашидате од планината Моџу.
Аманохашидате во укијо-е од Хирошиге Утагава.
„Поглед на Ама-но-Хашидате“ од Сесшу Тојо. На десната страна, ториито (порта) на Светилиштето Коно се гледа. И крајно десно, Канмуриџима и Куцуџима се исто така насликани.

Аманохашидате (天橋 立) ― еден од трите живописни погледи на Јапонија. Спрудот се наоѓа во Заливот Мијазу во северниот дел на префектурата Кјото. Тој е дел од Квазинационалниот парк Танго-Аманохашидате-Оејама.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Тенка лента земја поврзува две спротивставени страни на заливот Мијазу. Овој спруд е 3,3 км долг и покриен со околу 7.000 борови дрвја.

Може да се гледа од планините од двете страни на заливот или да се помине пеш. Во близина на северниот крај е храмот Коно, шинтов храм и на јужниот крај е Чион-џи, будистички храм.

На спрудот е слатката вода добро ценета уште од периодот Хејан, која била избрана за еден од 100-те најдобри извори и реки во Јапонија од страна на Агенцијата за животна средина во 1985 година.[1]

ЖС „Аманохашидате“ на железничката линија Мијазу, околу два часа од ЖС „Кјото“ или ЖС „Осака“, се наоѓа во рамките на пешачко растојание од јужниот крај на Аманохашидате.

  1. Министерство за животна средина на Јапонија. 環境省選定 名水百選/詳細ページ (јапонски). Архивирано од изворникот на 12 јуни 2011. Посетено на 16 јули 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


35°34′09.69″N 135°11′29.46″E / 35.5693583°N 135.1915167°E / 35.5693583; 135.1915167