Амандов синец
| Амандов синец | |
|---|---|
| Мажјак | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Polyommatus |
| Вид: | Амандов синец |
| Научен назив | |
| Polyommatus amandus (Schneider, 1792) | |
| Синоними | |
| |
Амандовиот синец (Polyommatus amandus) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Пеперугата живее во Евроазија, вклучувајќи ја и Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Распонот на крилјата на пеперугата е од 29 до 35 мм. Оваа пеперутка е значително поголема од останатите синци. Горната страна на крилјата на пеперутката е со забележливи нијанси на светлосина боја. Средишниот дел преминува кон блега, а кон краевите се затемнува кон темносина. Вените се со темносина боја. Рабовите на крилјата се бели, со црна бордура. Долната страна на пеперугата е светлокафена или кремаста со присуство на црни, бели и жолти точки со различна форма и големина. Рабовите се бели со темнокафена бордура.[1][2]
- Polyommatus amandus ♂
- Polyommatus amandus ♂ △
Биологија
[уреди | уреди извор]Амандовиот синец живее во голем дел од Европа и делови од Азија. Претпочита долини, ливади тревни површини и отворени места каде има растенија со кои се хранат ларвите. Најчесто живее до надморска висина до 1000 метри.[2]
Возрасните единки летаат од мај до август. Ларвите се хранат со растенијата Vicia, Lathyrus pratensis и Vicia cracca. Мажјаците летаат околу растенијата со кои се хранат и чекаат да пристигнат женките. Ларвите лачат леплива блага течност со која се хранат мравки и со тоа се заштитуваат од грабливци.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Amanda's Blue: Plebeius amandus“. NatureGate. Посетено на 2013-12-19.
- 1 2 „Amanda's Blue (Polyommatus amandus)“. Butterflies of France. Посетено на 2013-12-19.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|