Амам „Стара нова бања“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амам „Стара нова бања“
Остатоци од амамот „Стара нова бања“.jpg
Остатоци од амамот
Општи податоци
Стил Османлиска архитекрура
Град Стара скопска чаршија
Скопје
Земја  Македонија
Почната 15 век
Урната 1963

Амамот „Стара нова бања“ е поранешен амам во Скопје. Според остатоците од објектот, познато е дека се наоѓал во непосредна близина на групата згради на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и веднаш под ридот на кој се сместени Султан-мураотвата џамија и Саат-кулата. Сочуваните делови од амамот денес имаат статус на заштитено културно добро.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека амамот бил изграден во 15. или 16. век. Со изградбата на универзитетските згради било променето окружувањето околу амамот, а во земјотресот од 1963 бил урнат неговиот преден дел, во кој била сместена просторијата за преоблекување. Денес, во урнатини е зачуван делот со просториите за капење, резервоарот и огништето.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Познато е дека амамот имал доста големи димензии и спаѓал во групата на единечни амами. Во својот првобитен изглед, објектот имал голема купола, сместена над осумаголен тамбур, која како и останатите куполи била покриена со цреп. На врвот од куполата се наоѓал светилник, кој служел за осветлување на просторијата за преоблекување, која била осветлена и преку прозорските отвори, кои во два реда биле поставени на јужната и западната фасада. Во средишниот простор од објектот имало шадрван. Од остатоците на ѕидините може да се забележи дека објектот бил сталактитно украсен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Амам „Стара нова бања“, Скопско наследство.