Амам на Мехмед Ага (Баница)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амам на Мехмед Ага
Карта
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
ГрадБаница, Општина Струмица
ЗемјаМакедонија
Почната17 век
Урната7
НарачателМехмед Ага

Амамот на Мехмед Ага — поранешен амам кој се наоѓал во селото Баница, Општина Струмица.

Амамот се наоѓа западно од селската џамија и е од типот семејни амами. Изграден е од камен, вар и печена тула но е многу оштетен.

Амамот е со димензи 8х12 метри и имал четири простории. Според темелните остатоци истиот имал правоаголна основа и не бил голем. Од овој објект сочувана е само една просторија со оштетена купола и ѕид најјужната страна. Според сочуваноста на оваа просторијата која е со димензи од 3х3 метри може да се заклучи дека амамот имал простории за мажи и жени. Имајќи ја предвид колонизацијата на турско доселено население до 17 век во Македонија амамот бил најверојатно изграден во овој период. Од останатите три простории од кои се сочувани само темели може да се заклучи дека овој објект немал јавна намена, односно можеме да го определиме како семеен, а според информациите добиени од жител на с.Баница, тој бил изграден од Мехмет Ага кој имал имот во селото.

Според сочуваната купола на која се сочувани перфорации, кружни отвори амамот имал висина од 4 метра, но поради големите оштетувања на просториите и отсуство на функционални елементи не е можно по конретно определување на намената и функцијата на просториите[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.