Прејди на содржината

Ал Тартер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ал Тартер
El Tarter
село
Поглед на црквата „Св. Петар“
Поглед на црквата „Св. Петар
Ал Тартер El Tarter is located in Андора
Ал Тартер El Tarter
Ал Тартер
El Tarter
Местоположба во Андора
Координати: 42°35′N 1°39′E / 42.583°N 1.650°E / 42.583; 1.650
Држава Андора
ЖупаКаниљу
Надм. вис.&100000000000017650000001.765 м
Население (2023)
 • Вкупно1.003

Ал Тартер (каталонски: El Tarter) — село во Андора, едно од 44-те официјални места во земјата. Се наоѓа во жупата Каниљу. Населението брои 1.003 жители (2023).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во североисточниот дел на земјата, високо во Пиринеите, во непосредна близина на границата со Франција, на надморска височина од 1.765 м. Лежи крај главниот пат CG-2, на десната страна на реката Источна Валира, притока на Валира.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа католичката црква „Св. Петар“, изградена во XVI век. Во 2003 г. црквата била прогласена за заштитен културен споменик.[1]

  1. „Església de Sant Pere del Tarter“. patrimonicultural.ad. Културно наследство на Андора. Архивирано од изворникот на 09-05-2012. Посетено на 10 август 2024. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)