Ал Бакстер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ал Бакстер

Ал Бакстер роден на 21 јануари 1977 година е поранешен австралиски рагби играч.[1] Целата своја професионална кариера ја поминал во Воратаси. Тој играше за Австралија на две светски првенства во 2003 и 2007 година. Јубилејниот педесетти натпревар во дресот на Австралија, го одигра против Канада во натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2007 година, одржано во Франција. Со 69 одиграни тест натпревари во дресот на Австралија, тој е еден од најдобрите австралиски столбови досега. Оженет е и има три деца, а по завршувањето на играчката кариера почнал да се занимава со архитектура.

Извори[уреди | уреди извор]