Прејди на содржината

Алфред Н'Диај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфред Н'Диај
Лични податоци
Роден на 6 март 1990(1990-03-06)(35 г.)
Роден во Париз, Франција
Држава Франција Франција
Сенегал Сенегал (од 2013)
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Виљареал Виљареал
Број 4
Младинска кариера
Нанси Нанси
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Нанси Нанси 61 (0)
2011–2013 Бурсаспор Бурсаспор 51 (3)
2013 Сандерленд Сандерленд 16 (0)
2013-2014Ескишехиспор Ескишехирспор 16 (3)
2014-2016 Бетис Бетис 78 (3)
2016- Виљареал Виљареал 7 (0)
2017-Хал Сити Хал Сити 15 (1)
2018-2019Малага Малага 34 (5)
Репрезентација
2001–2003 Франција Франција 19 14 (1)
2003-2007 Франција Франција 21 7 (0)
2013-2019 Сенегал Сенегал 30 (1)

Алфред Н'Диај (роден на 6 март 1990, во Париз) — француско-сенегалски фудбалер, играч од средниот ред.

Фудбалска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Алфред ја започнал својата кариера во анонимниот клуб УС Вандевр во градот Вандевр-ле-Нанси. На возраст од 14 години, тој се преселил во еден кварт во Нанси близу до стадионот на истоимената екипа за да може да ја продолжи својата кариера играјќи за најголемиот клуб во регионот. По пристигнувањето, Алфред поминувал низ многу проблеми во почетокот, но набрзо станал забележлив по неговата втора сезона во академијата. Во 2006 година, тој го потпишал својот прв професионален договор.

Н'Диај го направил своето деби за тимот во текот на сезоната 2007-08 во Лига купот, на возраст од 17, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Фредерик Бјанкалани во поразот од 0-3 против Ленс. Тоа било и неговиот единствен настап таа сезона, по што тој бил вратен назад во тимот на резервистите, и му помогнал на младинскиот тим на Нанси едвај да избегне испаѓање.

По таа сезона, Н'Диај заработил промоција во сениорскиот тим на Нанси за сезоната 2008-09. Тој го зел дресот со број 29 и го носел на своето деби во лигата во првиот натпревар од сезоната против Лил, во кој се појавил како замена а мечот завршил без голови. Два месеци подоцна, тој ја добил неговата прва шанса да биде стартер во еден натпревар од лигата, против ПСЖ во ремито 1-1. Неговите добри перформанси му даваат можност постојано да биде стартер во тимот, па така тој ги одиграл комплетните 90 минути во изненадувачката победа од 3-0 на Нанси над Марсеј на Велодром.

Бурсаспор

[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2011 година, Нанси потврди на своето мрежно место дека клубот постигнал договор со турскиот клуб Бурсаспор за трансфер на Н'Диај. Договорот бил финализиран на 3 јули за наводна сума од 2.000.000 €.

Сандерленд

[уреди | уреди извор]

На 9 јануари 2013 година, англискиот премиерлигаш Сандерленд најави дека го комплетирал трансферот на Алфред Н'Диај за пријавена сума од € 4.700.000. На 12 јануари 2013 година, Н'Диај го направил своето деби за Сандерленд на Stadium of Light во натпревар против Вест Хем Јунајтед во кој неговиот тим забележил победа со 3-0. Тој влегол во игра како замена за Адам Џонсон и за малку не го постигнал својот прв гол речиси со својот прв допир со топката во англискиот фудбал откако неговиот шут оддалечина поминал само неколку сантиметри крај голот. Својот деби старт за Сандерленд, Н'Диај го имал на гостувањето кај Виган, во кој тој одработил фантастична асистенција која искористил Стивен Флечер во уште еден триумф на црните мачки овојпат со 3-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]