Алфа Кентаури Bb

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алфа Кентаури Bb
Егзопланета Список на егзопланети
Artist’s impression of the planet around Alpha Centauri B (Annotated).jpg
Уметничка замисла за Алфа Кентаури Bb
Матична ѕвезда
Ѕвезда Алфа Кентаури B
Соѕвездие Кентаур
Рекстацензија (α) 14ч 39м 35.0803с
Деклинација (δ) −60° 50′ 13.761″
Привидна величина (mV) +1,33
Оддалеченост 4,366 ± 0,007 сг
(1,339 ± 0,002 пс)
Спектрален тип K1 V
Орбитални елементи
Голема полуоска (a) 0,04 АЕ
Орбитален период (P) 3,2357 ± 0,0008 д
Полузамав (K) 0,51 м/с
Физички особености
Минимална маса (m sin i) 1,13 ± 0,09 M
Температура (T) >1500 K
Информации за откривањето
Време на откривање 16 октомври 2012
Откривач(и) Dumusque et al.
Метод на откривање Доплеров
Место на октривање Ла Силја, Чиле
Статус на откривање соопштено
Референци кон бази на податоци
Енциклопедија на
екстрасоларни планети
врска
SIMBAD врска

Алфа Кентаури Bb е егзопланета што кружи околу ѕвездата Алфа Кентаури B, прибл. 4,37 светлосни години од Земјата, во јужното соѕвездие Кентаур.[1] Ова е најблиската езгопланета до Земјата, и најнемасивната што кружи околу ѕвезда слична на Сонцето.[2]

Characteristics[уреди]

Планетата не се наоѓа во зоната погодна за живот бидејќи кружи мошне блиску до матичната ѕвезда (оддалечена само 0,04 АЕ) и навршува еден круг на секои 3,236 дена.[1] Има маса барем 1,13 пати поголема од онаа на Земјата; моментално е позната само долната граница поради отсуството на сознанија за нејзиниот орбитален наклон.[1] Површината на планетата има температура од барем 1200 °C (~1500 K),[3][4]што е преврело за да има течна вода, но и над температурата на топење на многу силикатни магми. За споредба, површината на Венера (најврела планета во сончевиот систем) има температура од 462 °C (735 K).

По испитувањата на астросеизимичките и хромосферските активности и ѕвезденото вртење на ѕвездите A и B, утврдено е дека системот α Cen веројатно е малку постар од сончевиот систем (4,5-7 милијарди години).[5]

Пронаоѓање[уреди]

Во 2009, со сметачка симулација е востановено дека е можно присуството на планета на растојание од 1,1 АЕ (160 милиони км) од Алфа Кентаури B, и дека нејзината орбита ќе одржи стабилност уште барем 250 милиони години.[6]

Во 2009,[7] екипа од европски астрономи,[2][3] почнала да работи со пребарувачот на планети HARPS во опсерваторијата Ла Силја (Чиле), користејќи се со Доплеровиот метод.[8] На 16 октомври 2012, научниците соопштиле дека пронашле планета со земска маса во обритата околу Алфа Кентаури B.[2] Гравитацијата на планетата предизвикува нишања кај ѕвездата со величина од 51 сантиметри во секунда; утврдувањето на присуството на планетата претставува најголемо достигнување во прецизноста добиено со овој метод.[2]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Dumusque, X.; Pepe, F.; Lovis, C.; Ségransan, D.; Sahlmann, J.; Benz, W.; Bouchy, F.; Mayor, M.; Queloz, D.; Santos, N.; Udry, S. (17 октомври 2012). „An Earth mass planet orbiting Alpha Centauri B“. „Nature490. doi:10.1038/nature11572. http://www.eso.org/public/archives/releases/sciencepapers/eso1241/eso1241a.pdf. конс. 17 октомври 2012. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Planet Found in Nearest Star System to Earth“. European Southern Observatory. 16 октомври 2012. http://www.eso.org/public/news/eso1241/. конс. 17 октомври 2012. 
  3. 3,0 3,1 Overbye, Dennis (17 октомври 2012). „New Planet in Neighborhood, Astronomically Speaking“. New York Times. http://www.nytimes.com/2012/10/17/science/space/new-planet-found-in-alpha-centauri.html?_r=0. конс. 17 октомври 2012. 
  4. Palmer, Jason (17 октомври 2012). „Exoplanet around Alpha Centauri is nearest-ever“. http://www.bbc.co.uk/news/science-environment-19959531. конс. 17 октомври 2012. 
  5. E. E. Mamajek; L. A. Hillenbrand (2008). „Improved Age Estimation for Solar-Type Dwarfs Using Activity-Rotation Diagnostics“. „Astrophysical Journal“ 687 (2): 1264. doi:10.1086/591785. Bibcode2008ApJ...687.1264M. Age discussion on page 1284
  6. Thebault, P., Marzazi, F., Scholl, H. (2009). „Planet formation in the habitable zone of alpha centauri B“. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ 393: L21–L25. doi:10.1111/j.1745-3933.2008.00590.x. Bibcode2009MNRAS.393L..21T. 
  7. Wall, Mike (16 октомври 2012). „Discovery! Earth-Size Alien Planet at Alpha Centauri Is Closest Ever Seen“. „Space.Com web site“. TechMediaNetwork. http://www.space.com/18089-earth-size-alien-planet-alpha-centauri.html. конс. 17 октомври 2012. 
  8. Borenstein, Seth (17 октомври 2012). „Earth-Sized Planet Found Just Outside Solar System“. ABC News. http://abcnews.go.com/Technology/wireStory/earth-sized-planet-found-solar-system-17492821#.UH3VzFHwF8E. конс. 17 октомври 2012. 

Надворешни врски[уреди]