Алусијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алусијан
Битката за Солун
На престол1041 год.
ПретходникПетар Делјан
НаследникПресијан II
ТаткоЈован Владислав
МајкаМарија

Алусијан — македонски цар (благородник), втор син на Јован Владислав со принцезата Марија. Го убил Петар Делјан во 1041 година, по што за кратко го преземал престолот. [1][2]

По пропаѓањето на Самуиловото Царство (1018 г.), му се предал на царот Василиј II и бил почестен со титулата патрикиј. Заедно со другите претставници на владејачката фамилија, бил одведен во Цариград и стапил во византиска служба. Во еден период ја вршел должноста стратег на темата Теодосипол во Ерменија, а потоа паднал во немилост. Интересен е начинот на кој Алусијан го предал тогашниот владетел Петар Делјан. Штом дознал за востанието на Петар Делјан, тајно ја напуштил Мала Азија и преку Цариград и Солун пристигнал во логорот на востаниците кај Острово.[1][2] Имено, синот на Гаврил Радомир имал голема доверба во Алусијан, војсководец од Самуиловата кралска лоза. Делјан (како на свој братучед) му дал 40 илјадна војска за го освои Солун.[1] По шестдневна опсада на градот, Алусијан претрпел тежок пораз и едвај спасил жива глава. Тој успеал да пребега, но на лукав начин извршил големо предавство. После Битката за Солун за почнале несогласувањата со Петар Делјан.[1] Приредил банкет во местото Острово, каде го поднапил Делјана и потоа го ослепил. Делјановите придружници не ни знаеле што Алусијан сторил, а тој како легитимен наследник седнал на царскиот престол.[2] Таму се задржал многу кратко, нецела година, за подоцна да абдицира и да ги предаде царските војски на византискиот цар Михаил IV. Овој го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа. Обезглавено, востанието на Петар Делјан било осудено на пропаст. Слепиот Делјан, без да дава отпор, бил фатен и испратен во Солун.[3]

Алулсијан одржувал пријателски врски со познатиот византиски флозоф и писател Михаил Псел.[1]

Писмо на Михаил Псел, личен познаник на Алусијан[уреди | уреди извор]

Војната уште траеше, кога се случи нешто чудесно: еден од Ароновите синови, наречен Алусијан пријатен по нарав, сјаен по ум, значаен и успешен, стана најзаслужен за победата на царот... Кога разбра за случајот кај неговиот народ, кога дозна дека тие, во недостиг на царски род, незаконит син избрале да им царува, ги напушти децата, ја отфрли љубовта на сопругата и се брзна од крајниот исток да тргне на запад...


[4]

Михаил Псел за предавството на Алусијан[уреди | уреди извор]

"Откако го покорил и потчинил во своја власт востанатиот народ и откако поставил стратези по темите, императорот се вратил во престолнината со многу заробеници, меѓу кои бил и нивниот незаконски предводник (н.з. Петар Делјан) со исечен нос и извадени очи".


Последици од неуспехот на востанието[уреди | уреди извор]

Македонија била опустошена. Еден добар дел од нејзиното население императорот го претворил во робје, а не бил мал бројот на оние што ги изгубиле имотите. Цариград, со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти. Михаил IV во 1042 г. ги пренел Албанците од јужна Италија на Балканскиот Полуостров (Македонија) и ги населил во месноста Арбан, за да го прекине и ослаби овoj дел на народот и нивните врски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 24. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 17. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Извадок од третиот том на капиталното дело „Средновековна Македонија“ (стр. 51-60) од авторот проф. д-р Бранко Панов.
  4. Поднаслов од научен труд за македонската историја

Надворешни врски[уреди | уреди извор]