Ало Тончов
| Ало Точов | ||
| Роден | 1902
Велес | |
|---|---|---|
| Починал | 1987
Велес | |
| Занимање | чалгаџија | |
Алексо (Ало) Тончов (Велес, 1902 - Велес, 1987 ) — македонски музичар - чалгаџија, доајен на македонската чалгија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Тончов е роден во Велес во маалото Којник во 1902 година. Неговиот татко Јован Тончов свирел кларинет, а претходно дајре со тајфата на Арсо Ќеманеџијата. Неговиот чичко Панче Тончов, член на ВМРО бил убиен од Јован Бабунски. Ало Тончов свирел на виолина (ќемане) и со тајфата на својот татко и за првпат засвирел на тринаесет годишна возраст. Свирел во чалгискиот оркестар на групата Распеани Велешани, на свадбите во Велес и пошироко, а имал и група со која свирел и вечерни свирки по локалите низ Велес. Заедно со групата изведувале и забавна музика на игранки, чајанки и други забави. Ало Тончов свирел до 1986 година, а починал наредната 1987 година. Како и неговиот татко, неговото посмртното испраќање до градските гробишта во Велес, било пропратено со свирењето на Велешката чалгија и омилената песна на фамилијата Тончови, дајлер, дајлер.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „По стапките на Ало Тончов чекори Велешка чалгија“. Архивирано од изворникот на 2015-02-14. Посетено на 2014-10-21.
- ↑ Чалгијата го одушевила и султанот[мртва врска]