Алофи

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алофи Југ)
Видете Алофи (остров) за островот во состав на Валис и Футуна.
Алофи
Alofi
Град
Мештани на Алофи како одат по улица.
Улица во Алофи
Location of Alofi on a map of Niue.
Местоположба на Алофи (ѕвезда)
Местоположба на Алофи во рамките на Ниуе.
Административна поделба на Ниуе - Алофи е на западната страна.
ЗемјаНиуе
СелоАлофи Север и Алофи Југ
Управа
 • Пратеник за Алофи СеверВајга Тукуитога[1]
 • Пратеник за Алофи ЈугДалтон Тагелаги
Површина
 • Вкупна површина на Алофи Север и Алофи Југ46,48 км2 (1,795 ми2)
Надм. вис.[2]&1000000000000002100000021 м
Население (2006)[3]
 • Вкупно581
 • Густина12,5/км2 (32,46/ми2)
 • Алофи Север147
 • Алофи Југ434
Жители[4]
 • Жители (Алофи Север)143
 • Посетители (Алофи Север)4
 • Жители (Алофи Југ)411
 • Посетители (Алофи Југ)23
Часовен појасUTC-11 (UTC-11)
Повик. бр.+683

Алофи (ниуеански: Alofi) е главниот град на тихоокеанската зависна островска земја Ниуе. Местото брои 614 жители (Попис 2001). Се состои од две села — Алофи Север (нас. 256) и Алофи Југ, каде е сместена владата (нас. 358).

Гратчето лежи во средината Алофискиот Залив, на западниот брег на островот, недалеку од единствениот отвор во коралниот гребен кој го окружува Ниуе. Заливот се протега низ 30% од должината на островот (околу 7 километри) од ’ртот Халагиги на југ до ’ртот Макапу на север.

Во јануари 2004, Ниуе било погодено од силна тропска бура — циклонот Хета — во кој загинале двајца и нанел штета низ целиот остров. Многу од објектите во Алофи биле уништени, меѓу кои и болницата. По бурата владините згради биле преместени на помалку изложено место, 3 km копнено од западното крајбрежје наречено „Фонуакула“. Ова место сепак е во рамките на селскиот атар на Алофи Југ.

Меѓу малкумината познати Ниуеанци спаѓа семејството Тумкар, кое живеело во Австралија од 1998. Тие биле првите доктори во историјата на ова место.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд (22 јуни 2009). „Ниуе - Преглед на податоци за земјата“. Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд. Архивирано од изворникот на 2011-08-21. Посетено на 3 август 2009.
  • Siosikefu, Маргарет Хаген; Хаберкорн, Џералд (2008). Напишано во Окленд, Нов Зеланд. Преглед на населението на Ниуе според пописот на населението и домовите од 2006: водич за и (PDF). Нумеа, Нова Каледонија: Секретаријат на тихоокеанската заедница. стр. 4–5. ISBN 978-982-00-0235-7. AACR2 304.609 9626. Архивирано (PDF) од изворникот 2009-08-03. Посетено на 3 август 2009.
  • „Weatherbase: Историја на времето во Алофи, Ниуе“. Weatherbase. 2009. Посетено на 3 август 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]