Алонсо де Санта Круз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алонсо де Санта Круз
Alonso de Santa Cruz (MUNCYT, Eulogia Merle).jpg
Цртеж на Алонсо де Санта Круз од Шпанската фондација за наука и технологија
Роден1505
Севиља
Починал1567
Мадрид
ПолињаКартографија, астрономија, космографија, историја, образование, научни инструменти, навигација
Познат поПрвата карта на магнетните варијации од север, нови наутички инструменти
ДецаАнтонио Понсе де Санта Круз

Алонсо де Санта Круз (или Алфонсо) (1505 – 1567) бил шпански картограф, изработувач на карти и инструменти, истроричар и предавач. Бил роден околу 1505 година, а умрел во ноември 1567 година. Картите ги составил во 1572 година.[1][2]

Алонсо де Санта Круз бил познат картограф во Советот на Индиите, и космограф во Домот на трговијата. Таму работел на Падрон Реал, шпанската карта во која биле впишани откритијата на Новиот свет.[3]

Алонсо де Санта Круз ја опишувал космографијата како начин на цртање на земјата „бидејќи (гра)фија е исто што и цртање, а космос е светот“[4][5]

Во 1530 година, Алонсо де Санта Круз ја составил првата карта на магнетните варијации од вистинскиот север. Верувал дека ова ќе е корисно при наоѓање на точните лонгитуди. Тој дизајнирал нови наутички инструменти,[6] го интересирале методите за навигација, и пишувал за методот на Џон Кабот за наоѓање на лонгитуда преку деклинација на Сонцето, набљудувано со квадрант.[7]

Алонсо предавал астрономија и космографија на дворот на Карло V. Потоа напишал биографија за Карло V во пет тома, во која се опишуваат некои од шпанските злосторства во Новиот свет. Ова го вознемирило синот на Карло V, Филип II, кој отстранил три поглавја од биографијата.[8]

Алонсо исто така го создал документот наречен Карта на сите острови од светот („Islario general de todas las islas del mundo“), на барање на кралот Филип II, во 1542 година. Работел на делото на Хернандо дел Пулгар насловено како Историја на католичките монарси. Неговиот син Антонио Понсе де Санта Круз (1561-1632) ја објавил книгата на својот татко Дијагностика и третман на меланхолијата (Dignotio et cura affectuum melancholicorum) по неговата смрт, во 1622 година.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cuesta Domingo, Mariano. Alonso de Santa Cruz y su obra cosmográfica. Madrid: Consejo Superior de Investigaciones Científicas 1983.
  • Dahlgrn, E.W. Map of the World by Alonzo de Santa Cruz. Stockholm: Royal Printing Office 1892.
  • Lamb, Ursula. "The Spanish Cosmographic Juntas of the Sixteenth Century." Terrae Incognitae 6:51-62.
  • Pulido Rubio, José. El piloto mayor de la casa de contratación de Sevila. Seville: Tipógrafo Zarzuela 1923.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.as.ua.edu/ant/Mabila/Braund%20MS.pdf
  2. Biblioteca Virtual Ignacio Larramendi
  3. "The European Library 2.2.0", Koninklijke Bibliotheek, with "World map in the form of globe gores" (subsection), 2009, TEL-41.
  4. "Apuntes y Borrador para el Prologo al Yslario General de Alonso de Santa Cruz," Seccion de Patronato, Legajo 260, No. 2, Ramo 6, folio 8, Archive of the Indies, Seville (n.d.).
  5. A Simultaneous View of History: The Creation of A Hypermedia Database, Lily Díaz
  6. Alonso de Santa Cruz, cartógrafo y fabricante de instrumentos náuticos de la Casa de Contratación, Mariano Cuesta Domingo, Revista Complutense de Historia de América, Vol 30, pages 7-40, 2004.
  7. Dictionary of Canadian Biography
  8. Confesionario: Avisos y Reglas Para Confesores by Bartolomé de Las Casas: A Translation and Introduction to Its Historical Context and Legal Teaching, a thesis by David Thomas Orique, O.P.