Алов бајрак Македонски

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Алов бајрак Македонски“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Композитор(и)непознат

„Алов бајрак Македонски“македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на некојси Македонец кој ѝ купил златна марама на мајка му за да му сошие златно знаме за да го вее низ сите делови на Македонија и со извик да им се обрати на сите Македонци. Песната има патриотски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Ќе ти купам, стара мајко, алова марама,
да навезеш, мила мајко, златен бајрак македонски.
Златен бајрак да развејам, мајко, срце изгоре
и крај Вардар и низ Пирин и крај Белото Море.

Ќе се качам, стара мајко, на Пирин Планина,
ќе ги удрам, мила мајко, Неврокопските камбани.
Па од Пирин ќе извикам: - Горе глава Македонци,
горе глава мили браќа, еј Пиринци, славни јунаци!

Па ќе слезам, стара мајко, Голо Брдо, Преспа,
ќе разшетам, мила мајко, егејските родни огништа.
Па во Солун ќе извикам: - Вечна слава гемиџии,
вечни да сме мили браќа, Македонци Беломорци!

Надворешни врски[уреди | уреди извор]