Алиша Милано

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Алиса Милано
Alyssa Milano
Роден(а) Алиса Џејн Милано
19 декември 1972
Бруклин, САД
Занимање глумица
Активност 1980 – present
Сопруг(а/и) Цинјун Тејт (1999 – 1999)
Дејви Баглиари (2009-present)

Алиса Џејн Милано (родена на 19 декември, 1972 година) е американска актерка и поранешна пејачка. Со слава се здобила уште како мала со улогата на Саманта Мичели во Who's the boss?, а особено станува популарна со улогата на Фиби халивел во научно-фантастичната серија ,,Волшебнички,, (Charmed). Има сопствена женска спортска линија, наречена Touch.

Биографија[уреди]

Милано е ќерка на Лин, модна дизајнерка и талентирана менаџерка и Томас М. Милано, филмски музички едитор. родена е во Бруклин, израснала во Staten Island, како католик. Има помал брат, Кори (роден 1982 година), кој исто така е актер. Во едно интервју од 2003 година, Милано истакнува дека имала многу убаво детство, живеела во ,,сложно, вистинско семејство,,.

Кариера[уреди]

Милано ја започнала својата кариера на осумгодишна возраст со победата на аудицијата за националната тура Annie. Таа беше една од четирите избранички на аудицијата од повеќе од 1500 девојки. Се појавува во голем број реклами.

На 10 годишна возраст, ја добива нејзината прва позанчајна улога во Who's the boss?, заедно со Тони Данза, Џудит Лајт, Дени Пинтауро и Кетрин Хелмонд. Ја глуми Саманта Мичели, ќерка на личноста од Данза. Откако Милано ја добила оваа улога, таа и нејзиниот татко се преселиле во Холивуд. Остатокот од семејството им се придружил една година подоцна бидејќи нејзината мајка не сакала да го напушти домот за едно шоу кое што не гарантирало ништо. Иако е родена и израсната во Бруклин, Милано нема акцент специфичен за тој регион, поради тоа што се обидувала да не го употребува во претставите во кои глумела во театарот. Во доцните 1980-ти години Милано е прогласена за тин-идол, појавувајќи се во тинејџерскиот филм ,,Танц до зори,, (1988 година). Во 1991 година сака да прекине со актерството и да се посвети на образованието, но не може да се ослободи од договорот кој го има склучено.

Кога прекинало снимањето на ,,Who's the boss,,, Милано неколкупати се обидела да го прекине мислењето за нејзе како ,,добро девојче,,, па се појавува гола во неколку еротски филмови за возрасни.

Во 1992 година добива улога на тинејџер - бездомник во филмот ,,Каде те носи денот,,. иако на почеток екипата се противела да потпише договор со дете кое било поранешна ѕвезда, на крај и даваат мала улога. Тогаш е забележана од филмските критичари, што и помага да ја добие контроверзната улога на Ејми Фишер во 1996 година.

Подоцнежни улоги[уреди]

Нејзината изведба во ,,Страв,, и ја носи главната улога во ,,Hugo pool,, (1997). Ја добива улогата на проблематичната девојка Џенифер Манчини во ,,Melrose Place,,. Во тој период ја добива и улогата која ќе и донесе најголема слава. Тоа е улогата на Фиби Халивел во хит серијата ,,Волшебнички,, (1998-2006). Милано и нејзината блиска пријателка Холи Мари Комбс, која исто така глуми во ,,Волшебнички,,, во 6-тата сезона од ,,Волшебнички,, стануваат продуценти на серијата. На 20 март 2009 беше објавено дека Милано ќе го позајми својот глас во ,,Ghostbusters: the video game,,. Во 2009 потпишува договор со кој ја добива главната улога во филмот ,,Дечкото на мојата девојка,, (,,My girlfriend’s boyfriend,,), романтична комедија во која глуми жена со дилеми во врската.

Лично[уреди]

Милано е добра пријателка со Роуз МекГован, со која заедно глумеше во ,,Волшебнички,,, блиска е со Џастин Тимберлејк, кеико Агена и многу добра пријателка со Холи Мари Комбс.