Алисон Пино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алисон Пино
Лични податоци
Роден(а) 2 мај 1989 (1989-05-02) (30 г.)
Шартр, Франција
Националност Франција Французинка
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001810000001,81 м
Тежина 66 Кг.
Позиција Лев Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Романија Баја Маре
Број 7
Младински клубови
2001-2003
2003-2006
Франција Обервил
Франција Вилмомбл
Сениорски клубови
2007–2009
2009–2012
2012-2013
2013-
Франција Изи ле Молино
Франција Мец
Романија Олчим Валчеа
Македонија ЖРК Вардар СЦБТ Словенија РК Крим Романија Баја Маре
Репрезентација
2007- Франција Франција 136 (325)

Алисон Пино (родена на 2 Мај 1989 год. во Шартр) е француска ракометарка која игра во ЖРК Вардар СЦБТ и за женскиот национален тим на Франција.

Алисон Пино е француска репрезентативка, која во 2009 година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Ракометната кариера Пино ја почна во 2001 година во јуниорската екипа на Обервил (CM Aubervilliers). Од 2003 три сезони настапуваше во составот Вилмомбл (Villemomble). Во 2007 година го потпиша првиот професионален договор со францускиот клуб Изи ле Молино (Issi-les-Moulineaux). По две сезони минати во Париз, Пино во 2009 година се пресели во Мец (Metz Handball), а оттаму во 2012 година замина во тимот на Олчим Валчеа (Oltchim Ramanicu Valcea) во Романија, што беше нејзино прво интернационално искуство. Во април годинава, Пино си замина од Романија и како своја следна дестинација ја избра Македонија и ЖРК Вардар СЦБТ.

Во репрезентацијата на Франција, Алисон Пино дебитираше на 27 февруари 2007 година на натпреварот против Кина во Нант, во подготовките пред Светското првенство на кое Франција беше домаќин. Како исклучително талентирана, но се уште млада ракометарка, Пино беше резервен петнаесети играч во францускиот олимписки тим на ОИ 2008 во Пекинг. Првиот медал со репрезентацијата на Франција, Пино го освои на СП 2009 во Кина. На овој мундијал Франција стана светски вицешампион, а Пино беше избрана за најдобар среден бек во ол-стар тимот. Истата година Алисон Пино од ИХФ беше прогласена за најдобра ракометарка во светот. Франција беше вицешампион и на СП 2011 во Бразил, а Пино и на овој шампионат го доби признанието за најдобар среден бек. Со француската репрезентација, Пино настапи ОИ 2012 во Лондон (четвртфинале),на три европски првенства (СП 2008, СП 2010, СП 2012) и на три светски превенства (СП 2007, СП 2009, СП 2011) и обезбеди пласман на СП 2013 во Србија.