Алисија Фернандес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алисија Фернандес
Alicia Fernandez Fraga 20160415 (cropped).jpg
Лични податоци
Име и презиме Алисија Фернандес Фрага
Роден(а) 21 декември 1992 (1992-12-21) (27 г.)
Валдовињо, Шпанија
Националност Шпанија Шпанија
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Рамнику Валчеа Рамнику Валчеа
Број 27
Сениорски клубови
2009-2012
2012-2014
2014-2015
2015-2017
2017-
Сагунто Сагунто
Порињо Порињо
Аула Културал Аула Културал
Бера Бера Бера Бера
Рамнику Валчеа Рамнику Валчеа
Репрезентација
2018– Шпанија Шпанија 22 (46)

Алисија Фернандес Фрага (родена на 21 декември 1992 г., во Валдовињо) е шпанска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Рамнику Валчеа и за шпанската репрезентација.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Фернандес ја започнала својата кариера играјќи една година како јуниор во клубот Нарон од Ла Коруња.[3] а потоа одиграла неколку сезони во Сагунто,[3] клуб со кои учествувала и во европските купови. Откако Сагунто се распаднал, во 2012 година таа пристигнала во Порињо каде играла две сезони,[4] а во 2014 година потпишала за Аула Културал од Ваљадолид.[5][6] Во својата прва сезона во Аула Фернандес била најдобар стрелец на клубот и втор стрелец во шпанското првенство со 169 гола или во просек по 6.5 гола по натпревар. Одличниот впечаток кој го оставила во таа сезона и носи голем чекор напред во кариерата и веќе следната сезона потпишала за шпанскиот шампион Бера Бера.[7] Во првата сезона со Бера Бера го освоила шпанското првенство, Купот на Шпанија и Лига купот на Шпанија.

Во 2017 година, Фернандес потпишала за романскиот клуб Рамнику Валчеа. По слабата прва сезона на клубот, во следната Фернандес била важна алка во составот на Валчеа кој ги освоил титулите во романското првенство и Суперкупот на Романија.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Фернандес е член на шпанската репрезентација од 2017 година,[8][9][10] а за прв пат била повикана за два пријателски натпревари одиграни во Букурешт, на 17 и 19 март 2017 година, против Романија.[11] Во 2018 година, Фернандес со шпанската репрезентација го освоила златниот медал на Медитеранските игри во Тарагона.[12]

Во ноември 2018, Фернандес била повикана во репрезентацијата да учествува на Европското првенство 2018. Шпанија била елиминирана во главната фаза, заземајќи го 12-тото место на првенството, а Фернандес постигнала 15 гола на турнирот. Следната година, Шпанија го освоила сребрениот медал на Светското првенство 2019 после поразот од Холандија во финалето, а Фернандес била една од најдобрите во својата репрезентација, постигнувајќи 33 гола на турнирот.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шпанија Бера Бера[уреди | уреди извор]

2015-2016
2016
2016

Романија Рамнику Валчеа[уреди | уреди извор]

2018-2019
2018

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alicia Fernandez Fraga Profile“. European Handball Federation. конс. 26 August 2018. 
  2. „Alicia Fernández Fraga“ (Spanish). Comité Olímpico Español. конс. 26 August 2018. 
  3. 3,0 3,1 „“Quería venir al Bera Bera para conseguir títulos”“ (шпански). Diario de Ferrol. 21 април 2016. конс. 27 august 2018. 
  4. Висенте Солер Олсина (30 јули 2012). „ALICIA FERNÁNDEZ, FICHAJÓN DEL PORRIÑO“ (шпански). Deporte Cien Por Cien. конс. 27 august 2018. 
  5. „ALICIA FERNÁNDEZ FIRMA CON EL BM AULA“ (шпански). Pagina oficială a CD BM Aula Cultural de Valladolid. 16 јули 2014. конс. 27 август 2018. 
  6. „Alicia Fernández estampa su firma con el CD Balonmano Aula“ (шпански). Tribuna Valladolid. 16 iulie 2014. конс. 27 август 2018. 
  7. „Alicia Fernández se marcha del Aula Cultural al Bera Bera“ (шпански). Pagina oficială a clubului Aula Cultural de Valladolid. 27 мај 2015. конс. 27 август 2018. 
  8. „Convocatoria EQUIPO NACIONAL ABSOLUTO FEMENINO“ (PDF) (шпански). Federația Spaniolă de Handbal. 9 martie 2018. конс. 27 august 2018. 
  9. „Convocatoria EQUIPO NACIONAL ABSOLUTO FEMENINO“ (PDF) (шпански). Federația Spaniolă de Handbal. 7 мај 2018. конс. 27 август 2018. 
  10. „Convocatoria EQUIPO NACIONAL ABSOLUTO FEMENINO“ (PDF) (шпански). Federația Spaniolă de Handbal. 4 јуни 2018. конс. 27 август 2018. 
  11. „Alicia Fernández será una “guerrera” ante Rumanía“ (шпански). Diario de Ferrol. 2 март 2017. конс. 27 август 2018. 
  12. 30 iunie 2018. „Handball / Women Team tournament - Gold Medal“ (шпански). Pagina oficială a Jocurilor Mediteraneene din 2018. конс. 27 august 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]