Алисија Викандер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алисија Викандер
Викандер во 2015 година
Роден(а)Алисија Аманда Викандер
3 октомври 1988 (1988-10-03) (31 г.)
Гетеборг, Шведска
ЖивеалиштеЛондон, Англија
Занимање
  • глумица
  • балерина
Активен период2002–сè уште

Алисија Аманда Викандер (родена на 3 октомври 1988 г.) — шведска глумица и поранешна балерина.

Родена и израсната во Гетеборг, таа започнала да глуми уште како дете во мали театарски продукции во Гетеборгската опера и играла балет во Кралското шведско училиште за балет во Стокхолм и во училиштето за американски балет во Њујорк. Таа ја започнала својата глумечка кариера појавувајќи се во шведски краткометражни филмови и телевизиски серии и прв пат добила внимание во Северна Европа за нејзината улога во ТВ драмата Андра Авенин (2008–10).

Викандер својата прва улога во долгометражен филм ја добила во филмот Чистота (2010), за која ја добила наградата Златна бубачка за најдобра глумица. Таа добила светско признание во 2012 година играјќи ги принцезата Екатерина „Кити“ Александровна Шчербатскаја во филмската адаптација на Ана Каренина и кралицата Каролина Матилда во данскиот филм Кралска афера, улоги кои и донеле номинација за наградата БАФТА за идна ѕвезда. Во 2013 година таа глумела во биографскиот филм за Жулијан Асанж, Тајните на петтиот сталеж.

Во 2015 година, Викандер добила светско признание и пофалби за нејзината улога во фантазијата Екс Махина за која била номинирана за Златен глобус за најдобра споредна глумица во драма и за наградата БАФТА за најдобра споредна глумица, и за улогата во биографско-романтичната драма Данската девојка, за кој добила Оскар за најдобра споредна глумица, а исто така ја добила и наградата за здружението на филмски глумци за најдобра глумица во главна улога, меѓу другите.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Викандер ја започнала својата кариера глумејќи во краткометражни филмови и телевизиски улоги во нејзината родна земја Шведска.[1] Таа станала позната на подрачјето на Скандинавија за нејзината улога во популарната шведска ТВ драма Андра Авенин (2008–2010).[2]

2010–14[уреди | уреди извор]

Викандер (десно) и режисерката Лиза Лангсет на Канскиот филмски фестивал во 2012 година

Викандер добила позитивни критики за улогата на Катарина во нејзиниот прв долгометражен филм, Чистота (2010). Со оваа улога, Викандер ги добила наградите за идна филмска ѕвезда на Меѓународниот филмски фестивал во Стокхолм во 2010 година,[3] и на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал во 2011 година[4] како и престижната шведска награда Златна бубачка за најдобра глумица.[5] Во 2011 година, таа играла главна улога во шведската драма Кралски скапоцености.

Викандер во 2013 година.

Во 2012 година, Викандер го свртела меѓународното внимание играјќи ја улогата на Кити во адаптацијата на англиски јазик на Ана Каренина, глумејќи покрај Кира Најтли. Филмот премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и заработил позитивни критики.[6]

Таа година, таа го додала данскиот јазик на својот репертоар глумејќи ја кралицата Каролина Матилда во историскиот филм Кралска афера режиран од Николај Арсел. Филмот својата светска премиера ја имал на 62. издание на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал и бил прифатен со пофални критики.[7] Филмот подоцна бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм на 85. доделување на Оскарите.[8][9]

Викандер била именувана како една од десетте глумци со пробивни улоги во 2012 година кои треба да се следат на 20. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Хамптонс,[10] и била номинирана за наградата БАФТА за идна ѕвезда во 2013 година.[11]

Во 2013 година, таа имала улога како Анке Домшајт-Берг, член на германска пиратска партија во трилерот Тајните на петтиот сталеж.[12] Филмот го отворил Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 5 септември 2013 година.[13] Филмот собрал мешани реакции од критичарите;[14] но како и да е, дел од критичарите ги пофалиле улогите во филмот.[15] Таа исто така ја играла улогата на Ерика во шведскиот филм Хотел, за која ја добила наградата на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш за најдобра глумица од претседателот на жирито, режисерот Мартин Скорсезе.[16]

Во 2014 година, таа глумела во австралискиот криминален трилер Посвоен син. Филмот бил издаден во Австралија на 16 октомври 2014 година и заработил мешани ревизии;[17] но сепак, Викандер била пофалена за својата изведба.[18]

2015–денес[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Викандер глумела во шест филмови. Таа добила пофалби од критичарите за изведбата на улогата на сликарката Герда Вегенер во филмот Данската девојка режиран од Том Хупер, за која добила Оскар за најдобра споредна улога, станувајќи втората швеѓанка добитник на оваа награда; награда од здружението на филмски глумци за најдобра глумица во главна улога, и награда од филмската критика за најдобра споредна улога; а била номинирана за наградата Златен глобус за најдобра глумица во драма и за наградата БАФТА, но двете награди и припаднале на Бри Ларсон за нејзината улога во филмот Соба.[19][20][21]

Таа добила јавно признание и критички пофалби за нејзината улога како Ава[22] во режисерското деби на Алекс Гарланд во филмот Екс Махина, за која добила номинации за Златен глобус за најдобра споредна глумица во драма и за наградата БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.

Таа ја добила улогата на пацифистот Вера Бритен во драмата Тестамент на младоста заедно со Кит Харингтон и Емили Вотсон. Филмот бил добро прифатен по својата премиера, со пофалби од критичарите главно за изведбата на Викандер.[23][24] Таа исто така глумела половина-човек/половина-вештерка во фантазијата Седмиот син,[25] била раскажувач во шведскиот документарен филм Јас сум Ингрид Бергман, имала главна женска улога во акциониот филм Шифра Вујче режиран од Гај Ричи; и се појавила во филмот Пеколна кујна, покрај Бредли Купер.[26]

На 6 мај 2016 година било објавено дека Викандер основала продукциска компанија заедно со нејзиниот агент Чарлс Колије. Првиот филм на компанијата, Еуфорија, започнал да се снима во август 2016 година на Германските Алпи. Филмот ќе биде прв филм на шведската режисерка Лиза Лангсет на англиски јазик, и ќе претставува трета соработка помеѓу Викандер и Лангсет. Викандер ќе глуми заедно со Ева Грин и Шарлот Рамплинг.[27][28]

Во 2016 година, Викандер глумела наспроти Мет Дејмон во акциониот филм Џејсон Борн, режиран од Пол Гринграс. Филмот бил издаден на 29 јули 2016 година од Universal Pictures.[29][30] Викандер потоа се појавила во адаптацијата на романот Светло помеѓу океаните, режирана од Дерек Сиенфранс, глумејќи заедно со Мајкл Фасбендер и Рејчел Вајс. Филмот бил издаден во САД од страна на Touchstone Pictures на 2 септември 2016 година.[31][32]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Викандер живее во Лондон, Англија.[33][34] Од декември 2014 година, таа е во врска со глумецот Мајкл Фасбендер, кого го запознала за време на снимањето на филмот Светло помеѓу океаните.[35]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2007 Темнината на вистината Сандра Свенсон Краткометражен филм
2007 Дождот Танчерка Краткометражен филм
2008 Моето име е љубов Фредерика Краткометражен филм
2009 Желбата на Сузан Девојка во станот Краткометражен филм
2010 Чистина Катарина
2011 Кралски скапоцености Фрагансија Фернандез
2012 Кралска афера Каролина Матилда
2012 Ана Каренина Кити
2013 Хотел Ерика
2013 Тајните на петтиот сталеж Анке Домшајт-Берг
2014 Тестамент на младоста Вера Бритен
2014 Посвоен син Таша
2014 Седмиот син Алис Дин
2015 Екс Махина Ава
2015 Јас сум Ингрид Бергман Раскажувач Документарен филм
2015 Шифра Вујче Габи Телер
2015 Пеколна кујна Ана Марија
2015 Данската девојка Герда Вегенер
2016 Џејсон Борн Агент Хедер Ли
2016 Светло помеѓу океаните Изабел Шербурн
2017 Доба на лалињата Софија
2017 Нуркање Даниеле Флиндерс Постпродукција
2017 Еуфорија Инес Се снима
2018 Ограбувачи на гробници Лара Крофт Се снима

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2002 Мојата балсамирана мајка Еба Ду Риц ТВ филм
2003 Погодените Драбад Моркер 1 епизода
2005 Декемвриски сон Тони 3 епизоди
2007 Сирова храна Линда Мини-серија
2007–08 Андра Авенин Жосан Тегебрандт Бјерн 39 епизоди
2008 Хек Катарина 2 епизоди

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Actress Spotlight: Alicia Vikander“. Entertainment Fuse. 10 November 2014. конс. 21 March 2015. 
  2. Gustafsson, Josefine (29 February 2016). „Alicia Vikander: Från "Småstjärnorna" till Oscarsvinnare“. Ystads Allehanda. конс. 29 February 2016. 
  3. „Focus on the young stars of Testament of Youth“. The Daily Telegraph. 22 December 2014. конс. 21 March 2015. 
  4. „Lördagsintervjun: ELLE möter Alicia Vikander“. Elle.se. конс. 21 March 2015. 
  5. „Alice Vikander“. Guldbagge Award. конс. 1 August 2011. 
  6. „Critic Reviews for Anna Karenina“. Metacritic. конс. 5 September 2012. 
  7. „A Royal Affair“. Rotten Tomatoes. Flixster. конс. 30 January 2013. 
  8. Lawrence, Vanessa (декември 2011 г). Alicia Vikander. „W“ (Condé Nast): 71. http://www.wmagazine.com/people/celebrities/2011/12/alicia-vikander-swedish-actress/. посет. 11 ноември 2013 г. 
  9. „Oscars: Hollywood announces 85th Academy Award nominations“. BBC News. конс. 10 January 2013. 
  10. Barylski, Nicole (4 October 2012). „Hamptons International Film Festival:Variety's Ten Actors To Watch Roundtable Discussion“. Hamptons (magazine). конс. 21 March 2015. 
  11. Dean, Sarah (7 January 2013). „BAFTA EE Rising Star Award Nominees: Alicia Vikander, Andrea Riseborough, Elizabeth Olsen, Juno Temple And Suraj Sharma“. Hamptons (magazine). конс. 21 March 2015. 
  12. Fleming Jr, Mike (22 January 2013). „UPDATE: Participant Media Joins DreamWorks For WikiLeaks Movie ‘The Fifth Estate’“. Deadline.com. конс. 21 March 2015. 
  13. Fleming, Mike. „Toronto 2013: Will Deals Take Back Seat As Buyers Focus On Fest Oscar Hopefuls?“, 6 септември 2013 (посет. 14 октомври 2013 г).
  14. „The Fifth Estate“. Rotten Tomatoes. конс. 14 October 2013. 
  15. Kermode, Mark. „The Fifth Estate – review“, 12 октомври 2013 (посет. 14 октомври 2013 г).
  16. The Winners of the Marrakech International Film Festival“, The Huffington Post (посет. 11 април 2015 г).
  17. „Son of a Gun“. Rotten Tomatoes. Flixster. конс. 6 February 2015. 
  18. Lyttelton, Oliver (20 January 2015). „Review: Forgettable Crime Flick 'Son Of A Gun' Starring Ewan McGregor, Alicia Vikander, & Brenton Thwaites“. Indiewire. конс. 21 March 2015. 
  19. „Oscar nominations 2016: The Revenant leads field, Mad Max in second place“. Guardian. 14 January 2016. конс. 14 January 2016. 
  20. „Golden Globe Nominations: The Complete List“. The Hollywood Reporter. 10 December 2015. конс. 10 December 2015. 
  21. Tartaglione, Nancy. „BAFTA Nominations: ‘Bridge Of Spies’, ‘Carol’ Lead – Full List – Deadline“. Deadline. конс. 29 February 2016. 
  22. „Ex Machina“. Dread Central. Dread Central. конс. 26 February 2015. 
  23. Robey, Tim (16 January 2015). „Testament of Youth, review: 'stirring'. The Daily Telegraph. конс. 21 March 2015. 
  24. Lodge, Guy (14 October 2014). „London Film Review: ‘Testament of Youth’“. Variety (magazine). конс. 21 March 2015. 
  25. Kroll, Justin. 'Seventh Son' finds young leads“. Variety. Архивирано од изворникот на 3 May 2015. 
  26. Sneider, Jeff (21 July 2014). „Jamie Dornan’s First Movie After ‘Fifty Shades of Grey’ – Bradley Cooper’s ‘Adam Jones’“. The Wrap. конс. 21 March 2015. 
  27. Barraclough, Leo (6 May 2016). „Alicia Vikander, Charles Collier Set Up Production Company Vikarious“. Variety. конс. 6 May 2016. 
  28. Jaafar, Ali (22 June 2016). „Charlotte Rampling Joins Alicia Vikander And Eva Green For ‘Euphoria’“. Deadline.com. конс. 22 June 2016. 
  29. Jaafar, Ali (23 June 2015). „Alicia Vikander Confirmed For Bourne Sequel Opposite Matt Damon“. Deadline. конс. 23 June 2015. 
  30. Foutch, Haleigh (18 July 2016). 'Jason Bourne': 17 New Images Find Matt Damon’s Superspy Back in Action“. Collider.com. конс. 18 July 2016. 
  31. Michael Fassbender, Alicia Vikander's 'Light Between Oceans' Lands Fall Release Date“, „The Hollywood Reporter“, 9 февруари 2016 (посет. 10 февруари 2016 г).
  32. Fleming Jr, Mike (19 June 2014). „Alicia Vikander Landing Leads In ‘Light Between Oceans’ And ‘Danish Girl’“. Deadline.com. конс. 21 March 2015. 
  33. „Alicia Vikander: The North Star“. W Magazine. 16 March 2015. конс. 31 March 2015. 
  34. „Alicia Vikander won't live in America“. Expose.ie. 16 January 2016. конс. 27 February 2016. 
  35. Rob Haskell (14 December 2015). „Alicia Vikander: The Danish Girl Star Jumps Out of a Plane and Talks Overnight Fame“. Vogue. конс. 14 December 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]