Алиса низ огледалото (филм од 2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алиса низ огледалото (англиски: Alice Through the Looking Glass) - американско-британски филм од 2016 година, во режија на Џејмс Бобин, а според сценариото на Линда Вулвертон, засновано врз книгата на Луис Карол. Главните улоги ги толкуваат: Миа Васиковска, Ен Хатавеј, Џони Деп, Саша Барон Коен, Хелена Бонам Картер итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Алиса (ја игра Васиковска), за која се мисли дека е луда, поминува низ огледалото и повторно се враќа во подземниот свет, каде дознава дека Шапкарот (го игра Деп) е несреќен, дознавајќи дека неговото исчезнато семејство можеби не е мртво. Затоа, Алиса ја грабнува машината од господарот на времето (го игра Барон Коен) и се враќа во минатото, обидувајќи се да го промени текот на историјата. Таму, таа дознава малиот Шапкар бил во сенка на татко му, кој никогаш немал доверба во него, како и дека за злото на лошата кралица Ирасебет (ја игра Бонам Картер) е виновна нејзината сестра Миранда (ја игра Хатавеј). Господарот на времето тргнува во потрага по Алиса, чија непромисленост предизвикува опасност од крајот на времето. На крајот, Алиса открива дека лошата кралица го грабнала семејството на Шапкарот, поради нанесената навреда во младоста. Сепак, Миранда ѝ се извинува на сестра си, а во последен миг, Алиса успева да го спаси времето. По враќањето во овој свет, Алиса одлучува да се бави со поморска трговија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]