Алехандро Гонзалез Ињариту

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алехандро Гонзалез Ињариту
Ињариту во 2014 година
Роден(а) 15 август 1963 (1963-08-15) (воз. 54 г.)
Мексико Сити, Мексико
Други имиња Алехандро Г. Ињариту
Занимање
  • режисер
  • сценарист
  • продуцент
  • композитор
Активен период 1984–сè уште
Сопружник Марија Еладија Хагерман
Деца 2 (син и ќерка)
Потпис

Алехандро Гонзалез Ињариту (роден на 15 август 1963 г.) — мексикански филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен композитор. Тој е првиот мексикански режисер номиниран за Оскар за најдобар режисер, за Вавилон (2007).

Шест долгометражни филмови на Ињариту — Кучешка љубов (2000), 21 грам (2003), Вавилон (2006), Прекрасно (2010), Човекот-птица (2014), и Повратник (2015) — собраа позитивни критики и бројни признанија, вклучувајќи Оскар номинации и победи. Во 2015 година, Ињариту добил Оскари за најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, и најдобар филм за Човекот-птица. Следната година, тој го добил Оскарот за најдобар режисер за Повратник, со што станал само третиот режисер во историјата кој победил во категоријата две последователни години, и прв по 1950 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Алехандро Гонзалез Ињариту е роден во Мексико Сити, како најмлад од седум деца во семејството на Луз Марија Ињариту и Хектор Гонзалез Гама.[1] Во периодот од 16 и 18 години тој пловел преку Атлантскиот Океан на товарен брод и патувал низ Африка и Европа.[2][3] Тој подоцна истакнал дека овие рани патувања имале големо влијание на него како режисер.[3] Настаните во неговите филмови често се случуваат на места кои тој ги посетил во овој период. По патувањата, Ињариту се вратил во Мексико Сити и дипломирал на департманот комуникации на Ибероамериканскиот универзитет, еден од најпрестижните приватни универзитети во Мексико.[4]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ињариту е венчан со Марија Еладија Хагерман која е уредник и графички дијзанер. Хагерман и Ињариту изгубиле новороден син во средината на 1990. години. Тие имаат син и ќерка.[5]

Тој е добар пријател со мексиканските режисери Гиљермо дел Торо и Алфонсо Куарон, општо познати како „The Three Amigos of Cinema“.[6]

Ињариту изјавил, во однос на нелегалната имиграција, „Не постои човек кој, како резултат на желбата да изгради подобар живот, треба да се именува или прогласува за нелегален.“[7] Според Ињариту, планот на Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико ќе го „предаде основањето на САД. Силата на САД лежи во различноста.“[8]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Год. Филм Режисер Продуцент Сценарист Уредник Белешка
1996 Ѕвоно да да да да Краткометражен филм
2000 Кучешка љубов да да не да
2001 Буре барут да не да да Краткометражен филм
2002 Мексико да да да да Краткометражен филм
2003 21 грам да да не не
2006 Вавилон да да не не
2007 АНА да да не не Краткометражен филм
2008 Рудо и Курси не да не не
2010 Прекрасно да да да не
2012 Наран Џа да да не не Краткометражен филм[9]
2014 Човекот-птица да да да не
2015 Повратник да да да не

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Agencias / El Siglo De Torreón (15 август 2014). „1963: El mundo recibe a Alejandro González Iñárritu, internacional cineasta mexicano“. Elsiglodetorreon.com.mx. http://www.elsiglodetorreon.com.mx/noticia/1026907.1963-el-mundo-recibe-a-alejandro-gonzalez-inarritu-internacional-cineasta-mexicano.html. конс. 24 февруари 2015 г. 
  2. „Alejandro Gonzalez Iñárritu: What I've Learned“. Esquire. 12 јануари 2015. http://www.esquire.com/entertainment/interviews/a30854/alejandro-gonzalez-inarritu-interview-0115/. конс. 8 март 2015 г. 
  3. 3,0 3,1 Tobias, Scott (3 декември 2003). „Alejandro González Iñárritu“. The A.V. Club. http://www.avclub.com/article/alejandro-gonzalez-inarritu-13845. конс. 8 март 2015 г. 
  4. „Alejandro González Iñárritu“. Encyclopædia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1269648/Alejandro-Gonzalez-Inarritu. конс. 8 март 2015 г. 
  5. „In 'Birdman,' Alejandro G. Inarritu takes his doubts and lets them fly“. Los Angeles Times. 10 октомври 2014. http://www.latimes.com/entertainment/movies/la-et-mn-ca-birdman-inarritu-20141012-story.html#page=2. конс. 12 јули 2015 г. 
  6. „Three amigos change face of Mexican film“. http://www.hollywoodreporter.com/news/three-amigos-change-face-mexican-138793. 
  7. „'Birdman' Director Blasts Donald Trump Over Immigration Policy“. Rolling Stone. 9 ноември 2015. http://www.rollingstone.com/movies/news/birdman-director-blasts-donald-trump-over-immigration-policy-20151109. 
  8. „‘Revenant’ director Iñárritu makes history, blasts Trump“. New York Post. 7 февруари 2016. http://nypost.com/2016/02/07/revenant-director-makes-history-with-dga-award-blasts-trump/. 
  9. Naran Ja. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=6kR9RHeGacI. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]