Алесандро Салвио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алесандро Салвио (италијански:Alessandro Salvio) (околу 1570 во Неапол - 1640) бил италијански шахист, шаховски теоретичат и автор. Во 1595, Салвио го победил Паоло Бои, а од 1600 се смета дека станал неофицијален светски првак во шах. Напишал шаховска книга со наслов Trattato dell'Inventione et Arte Liberale del Gioco Degli Scacch објавена во 1604 во Неапол, а подоцна и книга насловена Il Puttino објавена во 1634. Алесандро Салвио бил посветен и ги играл популарните отворања во тоа време: Кралев гамбит и Итлијанска партија. Кон крајот на 19. век се дознало дека во анализите на Салвио помагал и Џулио Полерио.

Салвио ја основал шаховката академија во Неапол.

Дела[уреди | уреди извор]

  • «Trattato dell' inventione et arte liberale del gioco di scacchi», Napoli, 1604.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Шахматный словарь. Москва: Физкультура и спорт, 1964. С. 331—332.
  • Шахматы: Энциклопедический словарь. Москва : Советская энциклопедия, 1990. С. 348. ISBN 5-85270-005-3.