Алергиски ринитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алергиски ринитис
СинонимиПоленска треска, поленоза, поленска кивавица
Misc pollen.jpg
Полен од различни растенија, зголемен 500 пати и ширина од 0.4 mm
СпецијалностАлергологија и имунологија
СимптомиЗатнат нос, чешање на носот, кивање, црвенило, чешање и солзење на очите, оток околу очите, чешање на ушите[1]
Вообичаена појавапомеѓу 20-те до 40-те години[2]
ПричинителиГенетски и фактори од средината[3]
Ризик-факториАстма, алергиски конјуктивитис, атопичен дерматитис[2]
Дијагностички методВрз основа на симптомите, кожен прик тест, крвни тестови за специфични антитела[4]
Диференцијална дијагнозаНастинка[3]
ПревенцијаИзложеност на животни рано во животот[3]
ЛековиНазални стероиди, антихистаминици како дифенхидрамин, кромолин натриум, леукотриенски рецепторни антагонисти како монтелукаст, алергенска имунотерапија[5][6]
Фреквенција~20% (во западните земји)[2][7]

Алергиски ринитис е воспаление на слузницата на носот кое се јавува како последица на прекумерна реакција на имунолошкиот систем на алергените од воздухот.[6] Знаците и симптомите вклучуваат течење на носот или затнат нос, кивање, црвенило, чешање, и солзење на очите, и оток околу очите.[1] Секретот од носот вообичаено е бистар.[2] Симптомите се јавуваат до неколку минути по изложување на алергенот, и може да влијаат врз спиењето и способноста за работа и учење.[2][8] Некои луѓе може да развијат симптоми само за време на одреден период од годината, како резултат на изложеноста на полен.[3] Голем дел од пациентите со алергиски ринитис исто така имаат астма, алергиски конјуктивитис или атопичен дерматитис.[2]

Алергискиот ринитис вообичаено е поттикнат од алергени од средината како што се полен, влакна од животни, прашина, или мувла.[3] Генетските фактори и изложеноста од средината доведуваат до развој на алергии.[3] Растењето на фарма и имањето на повеќе браќа и сестри го намалува овој ризик.[2] Основниот механизам вклучува врзување на IgE антителата за алергенот, и последователно ослободување на инфламаторни супстанци од страна на маст клетките, како што е хистаминот.[2] Дијагнозата вообичаено се заснова на симптомите комбинирано со кожен прик тест или крвни тестови за алерген-специфични IgE антитела.[4] Резултатите од овие тестови може да бидат лажно позитивни.[4] Симптомите на алергија наликуваат на оние на настинка; сепак, тие често траат и повеќе од две недели и типично не се јавува треска.[3]

Изложеноста на животни рано во животот може да го намали ризикот од развој на овие специфични алергии.[3] Неколку различни видови на лекови ги ублажуваат симптомите, меѓу кои се стероидите, антихистаминиците, како дифенхидрамин, кромолин натриум, и леукотриенските рецепторни антагонисти како монтелукаст.[5] Често пати, со лекови нецелосно се контролираат симптомите, и тие може да имаат несакани ефекти.[2] Изложувањето на поголеми и поголеми количини на алерген, познато како алергенска имунотерапија често е ефикасна.[6] Алергенот може да биде даден како поткожна инјекција или таблета под јазик.[6] Третманот обично трае три до пет години, по што користа може да биде пролонгирана.[6]

Алергискиот ринитис е најзастапена алергија.[9] Во западните земји, помеѓу 10 и 30% од луѓето се засегнати во текот на годината.[2][7] Најчесто се јавува помеѓу дваесеттите и четириесеттите години од животот.[2] Првиот точен опис го дал лекарот Разес во 10-от век.[10] Во 1859, Чарлс Блекли го идентификувал поленот како причинител.[11] Во 1906, точниот механизам бил определен од Клеменс фон Пирке.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Environmental Allergies: Symptoms“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 18, 2015. Посетено на June 19, 2015.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Wheatley LM, Togias A (January 2015). „Clinical practice. Allergic rhinitis“. The New England Journal of Medicine. 372 (5): 456–63. doi:10.1056/NEJMcp1412282. PMC 4324099. PMID 25629743.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Cause of Environmental Allergies“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 17, 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Environmental Allergies: Diagnosis“. NIAID. May 12, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 19, 2015.
  5. 5,0 5,1 „Environmental Allergies: Treatments“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 17, 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Immunotherapy for Environmental Allergies“. NIAID. May 12, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 19, 2015.
  7. 7,0 7,1 Dykewicz MS, Hamilos DL (February 2010). „Rhinitis and sinusitis“. The Journal of Allergy and Clinical Immunology. 125 (2 Suppl 2): S103-15. doi:10.1016/j.jaci.2009.12.989. PMID 20176255.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Cov2018.
  9. 9,0 9,1 Fireman P (2002). Pediatric otolaryngology vol 2 (изд. 4th.). Philadelphia, Pa.: W. B. Saunders. стр. 1065. ISBN 9789997619846.
  10. Colgan R (2009). Advice to the young physician on the art of medicine. New York: Springer. стр. 31. ISBN 9781441910349. Архивирано од изворникот September 8, 2017.
  11. Justin Parkinson (July 1, 2014). „John Bostock: The man who 'discovered' hay fever“. BBC News Magazine. Архивирано од изворникот July 31, 2015. Посетено на June 19, 2015.