Прејди на содржината

Ален Рене Лесаж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ален Рене Лесаж
Ален Рене Лесаж
Роден/а6 мај 1667
Сарзо, Франција
Починат/а17 ноември 1747
Булоњ-сир-Мер, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
ПериодПросветителство

Ален Рене Лесаж (француски: Alan-Rene Lesage, роден на 6 мај 1667 во Сарзо - починал на 17 ноември 1747 во Булоњ-сир-Мер) — француски писател, основоположник на модерниот реалистички роман.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ален Рене Лесаж е роден на 6 мај 1667 во Сарзо, Франција. Неговиот татко, Клод Лесаж, бил адвокат, нотар и регистратор на кралскиот двор. Неговата мајка се викала Жана Бренугат. Неговите родители починале кога Ален бил уште млад. Грижата над него била преземена од страна на неговиот чичко, кој му овозможил да се школува. Пјер Бокард, кој бил член на Редот на Језуитите, директор на Академијата во Ван, се заинтересирал за момчето поради неговите природни таленти. На возраст од 25 години, ален заминал во Париз каде во 1693 година започнал да студира филозофија.

Во август 1694, тој се оженил со Мери Елизабет. Во следниот период Ален се запознал со Антоан Данше, кој го советувал дека треба да се занимава со литература. Во следниот период започнал да работи како преведувач, и во 1695 година објавил една француска верзија на Аристенет, што не била успешна. Набргу потоа тој се запознал со опатот на Лион, кој му препорачал класици за шпанската книжевност, на кој тој самиот бил студент и колектор. Шпанската литература некогаш била многу популарна во Франција кога кралиците на куќата на Австрија седеле на престолот, но останале запоставени во времето кога Ален живеел.

Така, Лесаж започнал со преведување на делата на Лопе де Вега и Франциско де Рохас Зорила. Le Traître puni и Le Point d'honneur биле завршени во првите години од 18 век. Во 1704 година го преведел Дон Кихот од Алонсо Фернандес де Авеланеда, а наскоро потоа била адаптирана и претставата од Педро Калдерон де ла Барка, Don César Ursin.

Најпознат останал со својата комедија „Crispin rival de son maître“ и романот „Gil Blas“.

  • Le Traître puni, 1700
  • Don Félix de Mendoce, 1700
  • Point d'honneur, 1702
  • Second Book of the Ingenious Knight Don Quixote of La Mancha, 1704
  • Orlando innamorato, 1721
  • Guzman d'Alfarache, 1732
  • Gil Blas (English version, French)
    • Histoire de Gil Blas de Santillane, (Livres I-VI), 1715. (French version)
    • Histoire de Gil Blas de Santillane, (Livres VII-IX), 1724. (French version)
    • Histoire de Gil Blas de Santillane, (Livres X-XII), 1735. (French version)
    • Histoire de Gil Blas de Santillane, 1747.
  • Vie et aventures de M. de Beauchesne, 1733 (French version)
  • Le Bachelier de Salamanque, 1736. (French version)
  • Estevanille Gonzalez, 1732
  • La Valise trouvée, 1740 (French version)
  • Mélange amusant de saillies d'esprit et de traits historiques les plus frappants, 1743

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: